Јан Хус

Јан Хус
Jan Hus
Роден околу 1372
Хусинец, Бохемија (денешна Чешка)
Починал 6 јули 1415
Констанц, денешна Германија
запален на клада поради ерес
Националност Чех
Познат религиозен мислител, филозоф, професор, реформатор

Јан Хусчешки свештеник, филозоф, реформатор, и ректор на Карловиот универзитет во Прага. Тој бил познат по неговите еретички сфаќања за црквата. Хус многу придонел за развојот на протестантството со движењето по него наречено Хусити, кое кулминирало еден век подоцна со Мартин Лутер. Поради своето делување бил осуден на смрт од католичкиот екуменски Собор во Констанца (денешна Германија) и спален на клада.

Во Прага и денес постои катедралата кајшто служел Јан Хус, а тој се слави како маченик и светец во Чешка. Денот на неговото погубување е државен празник на Чешка.

Во негова чест е именувана улицата „Јан Хус“ во населбата Трнодол во Општина Карпош, Скопје.

Надворешни врски

^ "Luther: man between God and the Devil". Heiko Augustinus Oberman, Eileen Walliser-Schwarzbart (2006). Yale University Press. pp. 54–55;