Јаунде е главен град на Камерун. Градот брои околу 1,430,000 жители. Тој е вториот најголем град во земјата, по Дуала. Се наоѓа во центарот на Камерун, на околу 750 m надморска висина. Јаунде е сместен на 3°52' СГШ и 11°31' ИГД.
Катедрала во Јаунде
Историја
Јаунде бил основан во 1888 од страна на германските трговци како база за трговијата со слонова коска и како земјоделска истражувачка станица. Подоцна овој град бил окупиран од белгиските трупи за време на Втората светска војна и по војната градот станал седиште на Француски Камерун. Тој продолжил да биде главен град на Република Камерун.