Јени амам (Битола)
Јени амам | |
---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Битола" does not exist | |
Општи податоци | |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Битола, Општина Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°1′54″N 21°20′5″E / 41.03167°N 21.33472°E |
Почната | 17 век |
Урната | 20 век |
Јени амам — турска бања која се наоѓа на десната страна на реката Драгор во Битола. За бањата како и за другите објекти од профаната исламска архитектура, изградени со доаѓањето на Турците,[1] не постојат податоци од историски извори или какви било други пишани документи, или натписи на самиот објект.
Изградба
Се претпоставува дека Јени амам бил изграден во 17 век или во почетокот на XVIII век, тогаш кога Битола била во економски расцут. Како последица на Австриско-турските војни од крајот на 17 век, кога економската моќ на Битола и на другите градови започнала да се намалува, најверојатно кон крајот на XVIII век дошло до напуштање на некои објекти од јавната управа. Не е исклучено дека таква судбина го снашла и Јени амам.
Денес дел од зградата е наполно урнат, како и внатрешните уреди за загревање.
Поврзано
Наводи
- ↑ Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980