Јенс Леман (германски: Jens Lehmann; р. 10 ноември1969, во Есен) — поранешен германскиголман кој последно играше за Штутгарт како и за германската фудбалска репрезентација. Двапати во кариерата е изгласан за најдобар европски голман и трипати е одбиран во селекцијата за Светското првенство. Иако е голман, има постигнато два гола во кариерата за тимот на Шалке 04. Кариерата ја почнал во 1989 играјќи девет години за Шалке. Потоа уште играл и во Милан, Борусија Дортмунд. Неговиот прекар е „Крал на пеналите“. Најголемиот успех и подем го имал во англискиот гигант Арсенал во кој настапувал од 2003 до 2008 година. Својата богата кариера ја завршил во 2010 година во екипата на Штутгарт.