Јоршка митрополија (англиски: Province of York) — една од двете митрополии што ја сочинуваат Црквата на Англија. Се состои од 14 епархии што ја опфаќаат северната третина на Англија и островот Ман.[1] Јорк го добил статусот на архиепископија во 735 г, а прв архиепископ бил Екберт Јоршки. Во извесен период од историјата, митрополијата полагала право и на цела Шкотска, но никогаш не ја успеала да се наметне, и се откажала со основањето на Сентендруската епархија.
Митрополитот што стои на чело на Јоршката митрополија е Архиепископот Јоршки (втор по значење во Црквата на Англија).