Јосиф Јосифовски (глумец)
Јосиф Јосифовски | ||
Роден | 29 август 1927 Велес, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 21 мај 2001 Битола, Македонија | (возр. 73)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Цената на градот Пред дождот Македонскиот дел од пеколот Прашина Климент Охридски Цвеќе на карпата Заборавени На Балканот не се пие чај | |
Занимање | Глумец |
Јосиф Јосифовски (Велес, 29 август 1927 – Битола, 21 мај 2001)[1] ― македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1960 година.[2]
Бил препознатлив по неговата маркантна фигура, бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и страста која провејувала скоро низ сите негови остварувања.
Животопис
Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Од 1960 година станал член на колективот на Народниот театар – Битола каде бил еден од водечките глумци и носител на репертоарот.
Творештво
Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги.
Поважни театарски улоги[2]
Година | Улога | Претстава | Автор |
1966 | Клаудие | Хамлет | Вилијам Шекспир |
1967 | Франц | Разбојници | Фридрих Шилер |
1970 | Јаго | Отело | Вилијам Шекспир |
1972 | Сади | Дундо Марое | Марин Држиќ |
1972 | Аџи Трајко | Бегалка | Васил Иљоски |
1978 | Еротие | Сомнително лице | Бранислав Нушиќ |
1991 | Императорот | Подземна република | Јордан Плевнеш |
Филмографија
Година | Филм | Улога |
1968 | Планината на гневот | / |
1969 | Републиката во пламен | / |
1970 | Цената на градот | Кнајпер |
1971 | Македонскиот дел од пеколот | / |
1972 | Табакерата ТВ-филм | / |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | / |
1977 | Малиот одред ТВ-серија | / |
1979 | Курирот на Гоце Делчев ТВ-серија | / |
1979 | Жена од малтер ТВ-филм | / |
1980 | Двојка ТВ-филм | / |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | / |
1982 | Илинден ТВ-серија | / |
1983 | Записник ТВ-филм | / |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | / |
1985 | На наш начин ТВ-серија | / |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Кадијата |
1985 | Пријатели ТВ-филм | / |
1986 | Климент Охридски ТВ-филм | Петар |
1987 | Трето доба ТВ-серија | / |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | / |
1988 | Втора смена ТВ-серија | Дедото на Николче |
1988 | Марика лета со авион ТВ-филм | / |
1989 | Цвеќе на карпата ТВ-филм | Арсо Соколот |
1990 | Северна грешка ТВ-филм | Атев |
1990-1991 | Опстанок ТВ-серија | / |
1991 | Стрес или погрешна нота ТВ-филм | Богдан |
1992 | Време живот | Кум во возот |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | / |
1993 | Македонска сага | / |
1994 | Пред дождот | Таткото Марко |
1994 | Проколнати ТВ-филм | Стариот |
1995 | Ангели на отпад | Ицко |
1995 | Заборавени ТВ-филм | Претседател на М З |
1997 | Преку езерото | Свештеникот Кирил |
1995-1997 | Во светот на бајките ТВ-серија | / |
1998 | Збогум на 20-тиот век | Стариот каубој |
1998 | На Балканот не се пие чај ТВ-филм | / |
1998 | Ливада краток игран филм | Селанецот |
2001 | Прашина | Свештеник |
2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | / |
Награди и признанија[2]
- Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Наводи
Надворешни врски
- Јосиф Јосифовски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Јосиф Јосифовски на семрежното место на Кинотека на Македонија