Јужна Европа
Јужна Европа во најголемиот дел дефиниции, се користи да ги означи „сите држави на југот на Европа“. Меѓутоа, концептот, во различни времиња, имал различни значења, обезбедувајќи дополнителен политички, лингвистички и културен контекст на дефиницијата во прилог на типичниот географски, фитогеографски или климатски пристап. Повеќето држави според дефиницијата на Обединетите Нации за границата на Јужна Европа се граничат со Средоземното Море. Исклучоци се Португалија, која единствена има брег на Атлантскиот Океан, Србија и Македонија, кои се без излез на море и Бугарија, која излегува на Црното Море.
Географска дефиниција
Географски, Јужна Европа е јужната половина на континентална Европа. Оваа дефиниција е релативно, со нејасни граници.
Држави, кои географски се сметаат како дел од Јужна Европа се:
- Андора
- Гибралтар (британска прекуморска територија)
- Португалија (вклучувајќи ги и: Мадејра и Азори)
- Шпанија (вклучувајќи ги и: Балеарски Острови)
- Италија (вклучувајќи ги и: Сардинија и Сицилија)
- Сан Марино
- Ватикан
- Албанија
- Босна и Херцеговина
- Бугарија
- Хрватска (под реките Сава и Купа)
- Грција (вклучувајќи ги и: Егејски Острови, Крит и Јонски Острови)
- Косово (непризнаена независност)
- Македонија
- Црна Гора
- Србија (под Сава и Дунав)
- Турција (Источна Тракија)
Други
- Хрватска (северните области (Славонија, Загреб, Меѓимурје и Загорје) понекогаш се сметани како дел од Средна Европа)
- Кипар (географски дел од Азија, но сметан за европски поради историски и културни причини)
- Малта (вклучувајќи го и: Гоцо)
- Романија (Северна Добруџа е сметана за Јужна Европа и понекогаш Влашка. Трансилванија е понекогаш сметана како дел од Средна Европа)
- Србија (северните области (Војводина, северен Белград, Мачва) понекогаш се сметани како дел од Средна Европа)
- Словенија (областа Приморска)
Геошема на Обединетите Нации
За својата службена работа и публикации, Организацијата на Обединетите Нации ги групирала државите под класификација на региони. Јужна Европа, како што е дефинирана од Обединетите Нации (подрегиони според ОН), се состои од следниве држави и територии:[1]
- Албанија
- Андора
- Босна и Херцеговина
- Хрватска
- Гибралтар (може да се вклучи политички во Западна Европа, како територија на Обединето Кралство)
- Грција (вклучувајќи ги и: Егејски Острови, Крит и Јонски Остров)
- Италија (вклучувајќи ги и: Сардинија и Сицилија)
- Македонија
- Малта (вклучувајќи го и: Гоцо)
- Црна Гора
- Португалија (вклучувајќи ги и: Мадејра и Азори)
- Сан Марино
- Србија
- Словенија
- Шпанија (вклучувајќи ги и: Балеарски Острови)
- Ватикан
Во 2009, живееле 163.865.210 луѓе во Јужна Европа, со просечна густина на население од 74 жители по километар квадратен:[1]
Јужна Европа:[1] | ||||
Држава | Површина (км2) |
Население (2010 проц.) |
Густина на население (по км2) |
Главен град |
---|---|---|---|---|
Албанија | 28.748 | 3.695.000 | 111,1 | Тирана |
Андора | 467,63 | 84.082 | 179,8 | Андора ла Веља |
Босна и Херцеговина | 51.129 | 4.613.414 | 90,2 | Сараево |
Хрватска | 56.594 | 4.489.409 | 81 | Загреб |
Гибралтар (Обединето Кралство) | 6,8 | 29.431 | 4.328 | Гибралтар |
Грција | 131.990 | 11.295.002 | 85,3 | Атина |
Италија | 301.338 | 60.418.711 | 200,5 | Рим |
Македонија | 25.713 | 2.114.550 | 82,2 | Скопје |
Малта | 316 | 412.966 | 1.306,8 | Валета |
Црна Гора | 13.812 | 672.181 | 50 | Подгорица |
Португалија | 92.090 | 11.317.192 | 114 | Лисабон |
Сан Марино | 61,2 | 31.716 | 501 | Сан Марино (град) |
Србија | 88.361 | 7.306.677 | 107,46 | Белград |
Словенија | 20.273 | 2.054.199 | 99,6 | Љубљана |
Шпанија | 504.030 | 46.030.109 | 93 | Мадрид |
Ватикан | 0,44 | 826 | 1877 | Ватикан |
Вкупно | 1.338.694 | 163.865.210 | 74,05 |
Климатска дефиниција
Најзначајна клима во Јужна Европа е средоземната клима, која се одликува со суви и топли лета и благи и врнежливи зими. Сувите и топли лета се резултат на влијанието на сувиот и топлиот воздух, кој преку летото се шири од Африка над Средоземното Море во Јужна Европа. Температурите на воздухот достигнуваат од околу 40°С, со најмногу сончеви часови во Европа. Благите и врнежливи зими се резултат на влијанијата на западните ветрови кои доаѓаат од Атлантскиот Океан и носат врнежи претежно од дожд. Просечното годишно количество врнежи изнесува околу 700мм. Со навлегувањето во внатрешноста на континеталните територии, особено во внатрешноста на Пиринејскиот и на Балканскиот Полуостров, средоземната клима трпи континентални влијанија и се одликува како изменето средоземна клима со жешки лета и постудени зими, така што температурите се спуштаат и под 0°С. Во континенталните делови, во зависност од оддалеченоста на марињата и релјефните одлики на просторот е присутна и умерено континетална клима, а во зависност од надморската височина на планинските масиви се чувствува типична планинска клима со релативно пониски температури и поголеми количества врнежи од дожд, со присуство на снежни врнежи. Оние области со средоземна клима имаат слична растителност и пејзажи, па така можете да видите суви ридови, мали рамнини, борови шуми и маслинови дрвја.
Области, кои се сметаат климатски дека припаѓаат на Јужна Европа се:
- Албанија
- Босна и Херцеговина (брегот)
- Хрватска (брегов)
- Кипар
- Франција (југоисточниот брег и островот Корзика)
- Гибралтар
- Грција
- Италија (освен долината на реката По и Алпите)
- Косово
- Македонија
- Малта
- Монако
- Црна Гора
- Португалија[2]
- Србија (south)[3]
- Словенија (брегов)
- Шпанија (целата земја, освен северниот брег)
Растителност
Средоземните одлики на климата во Јужна Европа, релјефните карактерискити и долините на поголем број реки ги условиле одликите на растителноста. Токму затоа во Јужна Европа се зборува за средоземна или средоземна растителност. Таа е приспособена на долгите и сушни лета со поразвиен коренов систем, листови кои излачуваат восочни материи за спречување на испарувањето, задебелени листови и трнливи израстоци, а поради благите зими листовите се зелени. Најкарактеристични претставници се зимзелениот даб-пинар, борот и кипарисот, потоа ловорот, рузмаринот и разни зимзелени грмушести растенија кои со едно име се нарекуваат макија. Во Јужна Европа, особено во непосредните приморски делови, најзначајна средоземна култура е маслинката. Таа е типично растение што е развиено само во средоземниот регион. Се одликува со вековна и милениумска старост. Во внатрешноста на континенталните простори се среќаваат и типични листопадни и мешани шумски дрвенести растенија како што се дабот, буката, габерот, борот, елата, смреката итн. Во низините и по долините на речните текови се развиени многубројни тревни растителни видови и разни културни (житни, градинарски, индустриски) растенија, винова лоза и сл. Во повисоките делови на планините, над шумската граница од 1 800м се наоѓаат високи планински пасишта и камењари.
Стопанство и туризам
Стопанството во Јужна Европа, заради неодстаток на миерални суровини (особено железо) и енергетски извори, постојано заостанува зад стопанствата во другите делови на Европа. Голем дел од работната сила во XIX и XX век емигрирала во делови на Северна, Средна и Западна Европа и во Америка. Дел од повратната имиграција пренесува искуства и отвора сопствени стопански капацитети. Со вклучувањето на државите од Јужна Европа во Европската унија нивниот стопански развој е значително забрзан. Ова особено важи за приморските делови кои имаат голем број пристаништа во кои се развиени поморската трговија и преработката на увезени суровини. Одредени индустриски средишта во внатрешноста на државите се, исто така, развиени. Такви примери се Мадрид во Шпанија, Милано и Торонто во Италија, така што разликите помеѓу развиените и неразвиените подрачја се помали помеѓу приморските појаси и внатрешноста. Во напредокот на послабо развиените региони голема улога има изградбата на модерни сообраќајници. Денес стопанството во Јужна Европа главно се заснова на земјоделството, на индустријата и туризмот.
Земјоделство
Релативно поголемата застапеност на ридско-планински територии со присуство на големи површини под краст во Јужна Европа условиле недостаток на плодни почви, така што во ваквите простори е развиено терасесто земјоделство. Најкарактеристични растенија што се одгледуваат во Јужна Европа се маслинката, портокалот, лимонот, мандарината, смоквата и кивито. Сите тие се распространети во непосредните приморски области на разгранетите брегови на Средоземјете. Покрај наведените, и во приморските делови и во внатрешноста на територијата е распространета виновата лоза(особено во Шпанија и Италија. Во неколкуте низини и по долините на поголемите реки се одгледуваат разновидни житни, индустриски, градинарски и фуражни растенија. Во услови на големо осончување, високи температури и недостигот на врнежи, земјоделството во Јужна Европа многу зависи од системите за наводнување, кои се мошне добро изградени и развиени во Шпанија и во Италија, а нешто помалку во државите на Балканскиот Полуостров.
Индустрија
Во отсуство на богати рудни наоѓалишта, во Јужна Европа индустријата е зависна од увоз на суровини. Токму затоа индустријата е поразвиена во пристанишните градови. Главно се развиени хемиската, текстилната и прехранбената индустрија. Скоро сите држави во Јужна Европа индустриски се слабо развиени. Исклучок е Италија, која со индустриските капацитети во Ломбардската Низина, каде што главен центар е Милано, се вбројува меѓу индустриски најразвиените европски држави. Најразвиени се автомобилската индустрија, индустријата за бела техника и текстилната инустрија. Помали развиени идустриски региони има во Шпанија, околу градовите Барселона и Билбао.
Туризам
Недостигот на индрустиски развој се надополнува со поморскиот сообраќај, со транспортот, трговијата и туризмот. Климатските услови, разгранетите брегови, присуството на голем број искориски и археолошки споменици, богатите и разновидни културни традиции се фактори што во Јужна Европа условиле развој на туристичкото стопанство. Изградени се огромен број туристички комплекси со сместувачки капацитети од кои голем број туристи од Европа и од другите континенти секоја година ги исполнуваат во целост, оставајќи и големи средства. Особено привлечни се приморските градови и населби: Валенсија, Барселона, Неапол, Венеција, Дубровник, Атина, СОлун, но и голем број градови во внатрешноста. На планините е развиен и планинскиот летен и зимски туризам, како, на пример на Пиринеите во Шпанија и на Алпите во Италија. Најразвиен турискички промет имаат Шпанија, Италија, Хрватска и Грција, кои располагаат со најдолги брегови линии.
Галерија
-
Политичка карта на регионите во Европа.
-
Регионите во Европа.
-
Лингвистичка Јужна Европа.
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Статистички оддел на ОН - стандардна држави и кодови за класификација (M49)
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-04-16. Посетено на 2011-11-12.
- ↑ „World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 2011-11-12.
Поврзано
|
|