Љубимец
Љубимец Любимец | |
---|---|
град | |
Зградата на општината | |
Местоположба на Љубимец во Бугарија | |
Координати: 41°50′40.19″N 26°4′51.7″E / 41.8444972°N 26.081028°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Хасково |
Општина | Љубимец |
Управа | |
• Градоначалник | Анастас Анастасов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 57,374 км2 (22,152 ми2) |
Надм. вис. | 56 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 7,192 |
• Густина | 130/км2 (320/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 6550 |
Повик. бр. | +359 03751 |
Мреж. место | lyubimets.bg |
Љубимец (бугарски: Любимец) е град во Бугарија кој се наоѓа во југоисточниот дел од земјата, недалеку од границата со Турција и Грција. Градот е административен центар на истоимената општина во Хасковската област. Има население од околу 7200 жители.
Градот се наоѓа на важен транспортен коридор. Низ неговата периферија минуваат автопатот Марица и главната железничка пруга Софија - Пловдив - Истанбул. Се наоѓа во плодната Горнотракиска Низина каде што е добро развиено земјоделството. Во бугарската популарна култура, името на Љубимец често се поврзува со одгледување лубеници и се нарекува „главен град на лубениците“.
Историја
Првите информации за постоењето на населбата се од 1573 година, кога се споменува под името Хебибче во патописите на Австриецот Јакоб фон Бецек. Подоцна населбата била позната под името Хебебџе или Хебибчево. Според историски извори од 1688 година, во селото имало поштенска станица и пункт за менување коњи на османлискиот пат од Одрин до Харманли. Во 1906 година селото било преименувано во Љубимец, превод на турското Хебиб,[1] а од 1969 година селото има добиено статус на град.
Наводи
Надворешни врски
- https://www.lyubimets.bg/ официјална веб-страница