Џамијата Кефели (турски: Kefeli Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Најпрвин, објектот бил изграден како црква во времето на Византија за да по преземањето на градот од страна на Османлиите биде претворена во џамија. Црквата била посветена на Свети Никола во времето кога била католичка црква, но во времето кога станала православна, за нејзиното име сѐ уште не се знае. Во определен период, црквата била и базилика.