Административна поделба на Индонезија

Индонезија

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Индонезија


  • Панчасила
  • Устав

Влада


  • Извршна власт
  • Законодавна власт
    • Народно советодавно собрание
    • Регионален претставнички совет
    • Народен претставнички совет
  • Правосудна власт

  • Избори
    • Законодавни, 2009
    • Претседателски, 2009
  • Политички партии


Република Индонезија е поделена на покраини (provinsi). Покраините се сочинети од намесништва (kabupaten) и градови (kota). Покраините, намесништвата и градовите имаат свои локални управи и собраниски тела.

Покраини

Покраините (provinsi или propinsi) се највисоката локална административна поделба на Индонезија. Секока покраина има своја локална управа, предводена од управник и има сопствено правно тело. Управникот и членовите на локалните управи се избираат на секои четири години.

Индонезија е составена од 38 покраини, 9 имаат специјален статус.

Покраините официјално се групирани во 7 географски единици.[1]

Карта на покраините во Индонезија.

Намесништва

Градови

Окрузи

Окрузите (kecamatan) се единици на намесништвата (kabupaten) или градовите (kota). Окрузите се поделени на административни села и градски населби (kelurahan).

Села

Селото (desa) е најниското управувачко ниво на државната администрација на Индонезија. Тоа би можело да биде едно село или келурахан (kelurahan). Селото е предводено од месен челник (kepala desa), кој се избира со народно гласање. Келураханот е предводен од лурах (lurah). Селото е неадминистративно поделено во месните заедници кои управуваат со одреден број на домаќинства. Во Ачех, административниот поим село се нарекува гампонг (gampong).

Поврзано

Наводи

  1. ISO 3166-2:ID