Административна поделба на Исланд
Административната поделба на Исланд ги опфаќа првостепените, второстепените, третостепените и четвртостепените административни единици на Исланд. Државата е поделена (од најмало) на: општини, окрузи, региони и изборни единици.
Општини
Исланд е поделен на 76 општини кои управуваат со локалната власт, како на пример образованието или транспортот.
Окрузи
Исланд е поделен на 23 окрузи и тие во добар дел претставуваат историска поделба.
Региони
Исланд е поделен на осум региони. Регионите воглавно имаат статистички употреби.
Изборни единици
До 2003 година, изборните единици биле истите со регионите. Со амандман законот бил променет и денес има 6 изборни единици.
Поврзано
- Исланд
- Општини во Исланд
- Окрузи во Исланд
- Региони во Исланд
- Изборни единици во Исланд