Административна поделба на Јужен Судан
Административната поделба на Јужен Судан ја опфаќа првостепената и второстепената административна поделба на оваа африканска држава. Сојузните држави во Јужен Судан се првостепена административна поделба, додека окрузите се второстепената. Сите овие ги сочинуваат трите историски региони на Јужен Судан: Бахр ел-Газал, Екваторија и Голем Горен Нил. Јужен Судан има десет сојузни држави и 86 окрузи.
Региони
Бахр ел-Газал
Името на регионот потекнува од истоимената река. Бахр ел-Газал е составен од следните сојузни држави: Северен Бахр ел-Газал, Западен Бахр ел-Газал, Езера и Варап. На запад регионот се граничи со ЦАР, а на север со Судан. Регионот е доста мочурлив и воглавно е населен со народот Динка.
Голем Горен Нил
Името на регионот потекнува од реката Бел Нил. Голем Горен Нил е составен од следните сојузни држави: Џонглеј, Единство и Горен Нил.[1] На исток од регионот е Етиопија, а на север е Судан.[1]
Екваторија
Првично, Екваторија била покраина на Египет, која се наоѓа на јужниот дел од Јужен Судан. Порано, во овој регион биле сметани и Уганда со езерото Алберт. Екваторија била основана од Самјуел Бејкер во 1870 година. Во 1874 година Чарлс Џорџ Гордон бил назначен за гувернер, кој пак бил проследен од Емин Паша во 1878 година. Во 1880-те, Мухамад Ахмед го укинал статусот на покраина и водел џихадска војна. Овој режим бил отфрлен со помош на британските сили.
Држави
Јужен Судан е поделен на десет сојузни држави, кои се всушност три историски региони: Бахр ел-Газал, Екваторија и Голем Горен Нил.
Окрузи
Како второстепена административна поделба во Јужен Судан се сметаат окрузите кои ги има 86 на број.[2]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „SUDAN: land conflicts threaten peace in Upper Nile State“. Afronline. 23 June 2011. Архивирано од изворникот на 2018-07-08. Посетено на 8 July 2011.
- ↑ United Nations Development Programme-Sudan
Поврзано
Надворешни врски
- „Држави на Јужен Судан“. Statoids. (англиски)
|