Актау
Актау Ақтау | ||
---|---|---|
Град | ||
Панорама на Актау ноќе | ||
Локација на Актау во Казахстан | ||
Координати: 43°39′N 51°09′E / 43.650° СГШ; 51.150° ИГД | ||
Земја | Казахстан | |
Област | Мангистауска | |
Основан | 1958 | |
Статус на град | 1961 | |
Управа | ||
• Akim (градоначалник) | Нурдаулет Килибаи | |
Површина | ||
• Вкупна | 77 км2 (30 ми2) | |
Надм. вис. | −8 м | |
Население (2019) | ||
• Вкупно | 183 097 | |
Час. појас | UTC+5 (UTC+5) | |
Пошт. бр. | 130000 | |
Повик. бр. | +7 7292 | |
Рег. таб. | 12 | |
Мреж. место | http://www.aktau.gov.kz |
Актау (казашки: Ақтау, Aqtaw; руски: Актау) — град во Казахстан, сместен на источниот брег на Каспиското Езеро. Неговото сегашно име на казашки јазик значи „бела планина“, што може да се должи на неговите карпи кои гледаат кон Каспиското Езеро. Од 1964 до 1991 година градот бил познат како Шевченко (руски: Шевченко).[1] Сместено е на полуостровот Мангишлак и е главен град на областа Мангистау.
Актау е познат по својот уникатен систем за блок адреси. Скоро ниту една улица во Актау нема имиња; наместо тоа, адресите генерално се состојат од три броја: број на област (познат и како микро-регион / микро-област / блок), број на зграда и број на стан. Тоа е затоа што Актау првично беше планиран како камп за работниците од нафтената индустрија.
Историја
Територијата на денешна Актау некогаш била населена со антички племиња на Скити. Археолошките наоди во областа вклучуваат стари населби и орудија. На денешната територија на градот се наоѓал и северниот дел од патот на свилата. Сепак, областа имаше многу малку население пред советското време поради недостаток на свежа вода.
Во 1958 година, трагачите по ураниум го населиле местото на модерен Актау, нарекувајќи ја населбата Меловое според заливот на кој се наоѓала. Откако започнува развојот на наоѓалиштата на ураниум, населбата станува од затворен тип и преименувана во Гурјев-20. Во 1963 година, нејзиниот затворен статус е укинат, а е даден статус на град и името е сменето во Актау. Меѓутоа, во 1964 година името е променето во Шевченко, за да се даде почит кон украинскиот поет Тарас Шевченко, кој од 1850 до 1857 година се наоѓа во политички егзил во Новопетровское, околу 100 километри северозападно од Актау. Ова украинско име за градот можеби е доделено поради големиот број украински работници кои се населиле во градот. Нивните потомци се лесно препознатливи до денес со презимиња што завршуваат на „-енко“. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, името беше повторно променето во Актау, но аеродромот во градот сè уште го задржува СЦО како код на ИАТА.
Географски податоци
Градот се наоѓа на источниот брег на Каспиското Езеро. На 40 км југоисточно од градот се наоѓа познатата низина Каракија.
Според советската наука, границата меѓу Европа и Азија се протегала од Мугалжар до изворите на реката Емба, а потоа по должината на Емба до Каспиското Езеро. Од 1950-тите, европската граница на територијата на Казахстан поминува покрај реката Урал.
Во април-мај 2010 година, експедицијата на Руското географско друштво заклучи дека европската граница треба да помине низ Мугалжар, а потоа и преку Каспискиот слив (крајот на источноевропската рамница и западниот дел на платото Устиурт). Во овој случај, европската граница ќе се движи многу подалеку кон југ. Во моментов, мислењето на група научници од Руското географско друштво не е поддржано од Меѓународната географска унија, но ако Меѓународната географска унија ги поддржува заклучоците на Руското географско друштво, тогаш дел од областа Мангистау ќе се наоѓа во Европа.
Клима
Актау има студена пустинска клима, со топло и суво лето и студени зими, со просечна јануарска температура од -0,5 °C (31,1 °F) и просечна јулска температура од + 25,55 °C (77,99 °C). Забележително е дека поголемиот дел од градот Актау лежи под нивото на морето во Прикасписката Низина и е близу до најниската точка во Казахстан и поранешниот Советски Сојуз - Карагије.[2]
Летната сезоната трае од мај до септември, со просечна температура на морето од +21 °C (70 °F). Актау има и карпести ридови и песочни плажи долж морскиот брег. Постојат неколку модерни одморалишта на брегот јужно од градот. Плажите на каспискиот брег се популарни во текот на летото, поради жешката клима. Туристите доаѓаат главно од други делови на Казахстан. Градот има голем број локални, како и странски хотели.
Климатски податоци за Актау | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 16.0 (60.8) |
21.6 (70.9) |
25.1 (77.2) |
31.0 (87.8) |
37.5 (99.5) |
41.2 (106.2) |
41.6 (106.9) |
44.1 (111.4) |
39.2 (102.6) |
32.8 (91) |
22.3 (72.1) |
15.4 (59.7) |
44.1 (111.4) |
Прос. висока °C (°F) | 2.4 (36.3) |
3.7 (38.7) |
8.8 (47.8) |
15.9 (60.6) |
21.2 (70.2) |
26.5 (79.7) |
30.0 (86) |
29.6 (85.3) |
24.4 (75.9) |
17.7 (63.9) |
9.6 (49.3) |
4.4 (39.9) |
16.2 (61.2) |
Сред. дневна °C (°F) | −1.0 (30.2) |
−0.2 (31.6) |
5.3 (41.5) |
12.4 (54.3) |
17.9 (64.2) |
23.1 (73.6) |
25.6 (78.1) |
25.0 (77) |
19.6 (67.3) |
12.6 (54.7) |
5.5 (41.9) |
0.5 (32.9) |
12.2 (54) |
Прос. ниска °C (°F) | −3.2 (26.2) |
−2.9 (26.8) |
1.5 (34.7) |
8.5 (47.3) |
14.0 (57.2) |
19.2 (66.6) |
21.4 (70.5) |
21.1 (70) |
15.4 (59.7) |
9.3 (48.7) |
2.9 (37.2) |
−1.6 (29.1) |
8.8 (47.8) |
Најниска забележана °C (°F) | −24.0 (−11.2) |
−24.0 (−11.2) |
−17.2 (1) |
−4.4 (24.1) |
3.2 (37.8) |
6.7 (44.1) |
10.0 (50) |
10.0 (50) |
0.0 (32) |
−7.0 (19.4) |
−16.0 (3.2) |
−18.0 (−0.4) |
−24.0 (−11.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 11 (0.43) |
11 (0.43) |
14 (0.55) |
14 (0.55) |
15 (0.59) |
10 (0.39) |
5 (0.2) |
4 (0.16) |
6 (0.24) |
10 (0.39) |
14 (0.55) |
15 (0.59) |
127 (5) |
Извор: Pogodaiklimat.ru |
Население
На почетокот на 2019 година, населението на градот изнесувало 183 097 жители, додека на територијата на градот Актау живееле 187 690 лица.
Година | Население |
---|---|
1970 | 59 015 |
1979 | 110 575 |
1989 | 159 245 |
1991 | 169 000 |
1999 | 143 396 |
2004 | 154 718 |
2008 | 147 443 |
2012 | 177 703 |
2016 | 185 353 |
2019 | 183 097 |
Етнички состав
Етничкиот состав на жителите на Актау (на почетокот на 2020 година)[3]:
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Казаци | 100 000 | 71.88 |
Руси | 34 223 | 18.23 |
Азери | 5 672 | 3.02 |
Украинци | 1 721 | 0.92 |
Лезгини | 1 912 | 1.02 |
Татари | 1 405 | 0.75 |
Ерменци | 1 044 | 0.56 |
Узбеци | 1 105 | 0.59 |
Корејци | 659 | 0.35 |
Чеченци | 673 | 0.36 |
Каракалпаци | 434 | 0.36 |
Грузијци | 355 | 0.19 |
Киргизи | 404 | 0.22 |
Германци | 250 | 0.13 |
Белоруси | 187 | 0.10 |
Осети | 181 | 0.10 |
други | 2 319 | 1.32 |
вкупно | 187 690 | 100.00 |
Индустрија и Економија
Главната индустрија на градот останува производство на јаглеводороди, како еден од најголемите региони за производство во земјата. Покрај стратешката локација како главно пристаниште, Актау ги привлече најголемите играчи на индустријата за нафтени услуги:
- Schlumberger
- Baker Hughes
- Halliburton
- Weatherford International
- Cameron International
- Tenaris
- ArcelorMittal
Атомска централа
Актау некогаш беше место на атомска централа. Централата БН-350 ФБР започна со работа во 1973 година, а беше затворена во 1999 година. Долгорочните планови на Владата на Казахстан вклучуваат изградба на нова атомска централа што ќе се гради во близина на локацијата на старата. Покрај производството на плутониум, БН-350 се користеше за да се обезбеди напојување и снабдување со свежа вода во градот. Сегашната станица не се смета за доволно моќна за снабдување со свежа вода и енергија потребни во овој момент, а затемнувањата и прекин на елекрична енергија во градот се честа појава.[4]
Транспорт
Актау има меѓународен аеродром кој е изграден во 1996 година[5], како и развиено пристаниште.
Казахстан ја зголемува важноста на пристаништето Актау со своите промени во меѓународната политика за извоз. Се обидуваше да го запре транзитот на жито низ Црното Море и наместо тоа да користи патишта преку Каспиското Море или преку Туркменистан. Пристаништето на Актау е проширено (завршено летото 2015 година) за да прими сè поголеми количини и поразновидни видови товар.[6][7] Намерата е товарот да транзитира со брод низ Каспиското Море, а потоа со железница преку Азербејџан и Грузија за испорака во Турција и пошироко.[8] Оваа нова рута беше овозможена со отворање на пруга што ги поврзува Грузија и Турција во 2014 година.
Тука е и железничката станица Мангистау, оддалечена околу 12 км од центарот на градот Актау. Патувањето од Актау до Нур-Султан трае околу 2 дена, до Алмати околу 3 дена.
Автобусите и такси-возилата се главните средства за јавен превоз во градот.
Знаменитости
Главната атракција во градот останува Каспиското Езеро со неговите долги рекреирачки патеки и плажи. Други знаменитости во градот ги вклучуваат:
- Споменик на вечниот пламен од Втората светска војна во форма што потсетува на традиционална јурта.
- Споменик на МиГ во трговскиот центар „Победа“.
- Музеј за регионални студии и историја.
- Драмски театар.
- Плоштад Јнтмак.
- Споменици на познати луѓе од минатото: Кашаган, Жалау Мунбајев и Тарас Шевченко
Спорт
Актау е дом на фудбалскиот клуб ФК Каспиј. Домашен терен на клубот е стадионот Застар кој има капацитет од 5.000 гледачи. Во 2019 година, тие завршија на 2-то место во Првата дивизија на Казахстан и остварија промоција во Премиерлигата на Казахстан, највисоката фудбалска дивизија во Казахстан.
Временска капсула
Во 1967 година луѓето од Актау поставија временска капсула за да испратат порака до идните генерации на полуостровот Мангишлак, вклучувајќи имиња на луѓе кои помогнаа да се изгради градот во пустината. Писмото е ставено во метален цилиндар во триаголна мермерна урна. Капсулата е отворена е во ноември 2017 година. Капсулата се наоѓа во областа 2, наспроти „Казахстанскиот трговски центар“.
Беше организирана церемонија за отворање на капсулата и луѓе од цел Казахстан допатуваа за да присуствуваат. Но церемонијата била откажана откако се дознало дека капсулата недостасувала. Имено поради вршење на градежни работи на таа локација, капсулата била префрлена во друг дел од градот. Но еден од авторите на временската капсула, кој присуствувал на церемонијата и имал копија од пораката која се наоѓала во капсулата, успеал да ја прочита на присутните. Пораката содржела тема на надеж за иднината.
Проект Актау
На 11 септември 2007 година, претседателот Нурсултан Назарбаев го започнал градскиот проект „Актау“ со цел да го развие туризмот и да привлече странски инвестиции. Според проектот требало да се изгради тотално нов град на северозапад од сегашниот град со 4 милиони квадратни метри нови станбени и деловни згради. Стилот на архитектурата би бил изведен од градежното претпријатие на ОАЕ под покровителство на шеикот Абдулах ибн Заид Ал Нахајан. Во август 2013 година, проектот беше откажан.[9]
Галерија
-
Панорама на Актау
-
Актау ноќе
-
Плажа во Актау
-
Хотел „Ренесанса“
-
Аеродром Актау
Збратимени градови
- Сумгајит, Азербејџан
- Горган, Иран
- Карамај, Кина
- Чангуон, Јужна Кореја
- Самсун, Турција
- Махачкала, Русија
Поврзано
Наводи
- ↑ „Aktau city, Kazakhstan facts, history, attractions, photos“. aboutkazakhstan.com. Посетено на 2020-11-09.
- ↑ „Климат Актау - Погода и климат“. www.pogodaiklimat.ru. Посетено на 2020-11-09.
- ↑ „Kazakhstan ethnic composition“.
- ↑ „Securing the Bomb: Securing Nuclear Warheads and Materials: BN-350 Spent Fuel Security“. web.archive.org. 2008-03-08. Архивирано од изворникот на 2008-03-08. Посетено на 2020-11-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „About company“. Aktau International Airport. Посетено на 2020-11-09.
- ↑ „Main“. web.archive.org. 2013-06-07. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 2020-11-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ tengrinews.kz (2015-06-25). „Expansion of Aktau seaport goes according to schedule: Kazakhstan Temir Zholy“. Главные новости Казахстана - Tengrinews.kz (англиски). Посетено на 2020-11-09.
- ↑ „Kazakhstan to Leave Black Sea Grain Route - The Gazette of Central Asia“. gca.satrapia.com. Посетено на 2020-11-09.
- ↑ „Ambitious Aktau-City project scrapped“. Ақ Жайық (руски). Архивирано од изворникот на 2020-08-01. Посетено на 2020-11-09.