Алги

Алги на брегот на Шихитипинг, Тајван.

Систематската група на алги опфаќа околу 35 000 видови, анатомско и морфолошки различно диференцирани. Алгите се еукариотски протисти. Тие се автотрофни организми, со мали исклучоци. Нивното тело е малку диференцирано и се означува како талус.

Алгите имаат широко распространување на Земјата. Тие живеат во водна средина, најповолна за нивниот развиток, меѓутоа ги има во влажни и повремено влажни места. Освен тоа, живеат на карпи, снег, во почва, во некои растенија и животни, како и во симбиоза со габите. Алгите се космополитски организми, односно распространети се насекаде.

Размножувањето кај алгите е најразлично: бесполово (со проста делба, спори) и полово (изогамија, анизогамија, оогамија итн.).

Систематска поделба на алгите

Алгите се јавуваат во најразлични форми. Некои од десетте оддели на алги се исклучиво едноклеточни. Други, пак, се збир на клетки наредени во конци или колонии. Зелените, кафеавите и црвените алги се многуклеточни организми. Најкарактеристични таксономски оддели на алги се:

Некои научници конјугатните зелени алги (Gamophyta или Conjugatophyceae) ги вбројуваат во посебен оддел од зелените.

Алги во Македонија

Во Македонија се заведени следниве таксони на алги:

Таксон Научен

назив

Видови Разн. Обл. Вкупно
цијанобактерии Cyanophyta 213 10 59 282
евстигматофити Eustigmatophyceae 1 1
жолтозелени алги Xanthophyceae 10 10
зелени алги Chlorophyta 398 124 35 557
златни алги Chrysophyceae 7 4 11
светлечки камшичари Dinophyta 12 3 1 16
силикатни алги Bacillariophyceae 1.072 132 1.204
синозелени алги Glaucophyta 1 1
синурофити Synurophyceae 2 2
скришни алги Cryptophyta 1 1
харофити Charophyta 21 3 24
црвени алги Rhodophyta 8 8
црвенооки алги Euglenophyta 23 3 1 27
Вкупно 1.769 276 99 2.144

Надворешни врски