Александар Бородин
Александар Бородин | |
---|---|
Роден(а) | 12 ноември 1833 Санкт Петербург, Руска Империја |
Починал(а) | 27 февруари 1887 (на 53 години) Санкт Петербург, Руска Империја |
Занимање | композитор и хемичар |
Александар Бородин (12 ноември 1833; Санкт Петербург, Русија — 27 февруари 1887; Санкт Петербург) — руски композитор кој од 1862 година земал часови од Милиј Балакирев. Подгреани од националистичкото чувство, двајцата луѓе станале срцевината на група руски композитори познати како Руска петорка. Бил професор по хемија поголемиот дел од својот живот и оставил мал композициски опус, кој ги вклучува оркестарската свита „Во степите на Средна Азија“ (1880), два жичени квартета и три симфонии, од кои втората останала многу популарна. Неговата опера „Кнез Игор“, која ги содржи познатите „Половецки танци“, останала незавршена иако на неа повремено работел цели 18 години.
Користена литература
- Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
|