Алжирскиот арапски јазик — јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици[1] и во подгрупата на арапски јазици. Овој јазик се зборува во Алжир од страна на околу 20 000 луѓе. Алжирскиот арапски јазик ја поседува фонетиката на берберскиот јазик[2], а неговиот речник се состои од многу нови зборови кои се преземени од берберскиот, турскиот, шпанскиот, арапскиот дијалект. Овој јазик најчесто не се употребува во училиштата, весниците или телевизиите, каде употребува арапскиот или францускиот јазик. Но, овој јазик го употребуваат музичкиот стил Раи. Припаѓа на континуумот на арапскиот магрепски дијалект и е претежно разбирлив со тунискиот и мароканскиот дијалект.[3]