Алие (река)
Алие | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Лоара 46°57′34″N 3°4′44″E / 46.95944°N 3.07889°E |
Должина | 421 км |
Особености на сливот |
Алје (француски: Allier, окситански: Alèir) — река во централна Франција, лева притока на Лоара. Извира во Централниот Масив, источно од Манд во департманот Лозер. Тече на север, па се влева во Лоара западно од градот Невер.
Департмани и населени места по течението
- Алје: Мулен, Варен на Алје, Виши
- Ардеш (реката ја исцртува границата со департманот Лозер)
- Горна Лоара: Бриуд, Ланжак
- Лозер: Лангоњ
- Њевр
- Пиј де Дом: Брасак ле Мин, Оза ла Комбел, Исоар, Курнон д'Оверњ
- Шер
Притоки
- Шапору (Л)
- Сенуир (Д)
- Алањон (Л)
- Анс
- Куз Павен (Л)
- Дор (Д)
- Морж (Л)
- Сјул (Л)
- Вер (Л)
Екологија
Реката Алје е едно од ретките места во јужна Европа каде живее липенот (Thymallus thymallus).[1] Имаат стопанско значење, но и како плен во спортскиот риболов.
Наводи
- ↑ Подрачјата со липен во реките и нивните притоки Архивирано на 7 февруари 2009 г. (англиски)
Надворешни врски
- Алје — база „Сандр“ (француски)