Амнести интернешенал (англиски: Amnesty International - меѓународна амнестија) — невладина организација фокусирана кон заштитата на човековите права. Се спротивставува на акциите на владите и групите кои се обидуваат да ги спречат луѓето во користењето на нивните права[1]. Организацијата е основана во 1961 во Лондон[2][3] и е добитник на Нобеловата награда за мир 1977[4]. Организацијата бара ослободување на политичките затвореници, обезбедува праведни судења за нив, бара укинување на смртната казна, тортурата и суровото постапување во затворите како и престанок со политичките убиства и прогонот на луѓе поради различното мислење. Делува независно од владата.