Арапско освојување на Пиринејскиот Полуостров

Андалусија (ел-Андалус) во времето на Умајадите
ел-Андалус
711–1492

Инвазија од 711–732


756–1039 Умајадска Кордоба


Таифа 1039–1085


Алморавиди 1085–1145


Алмохади 1147–1238


Гранадски Емират 1238–1492


Поврзано

Арапско освојување на Пиринејскиот Полуостров (711-718) — големо воено походување кое започнало во времето кога арапските Маври ги нападнале државите на Визиготите, кои се наоѓале на Пиринејскиот Полуостров. Генералот Тарик Ибн-Зијад, предводел војска претежно составена од Бербери го преминал протокот од африканската кон европската страна и го освоил Гибралтар. По осум години, Маврите успеале да заземат голем дел од Пиринејскиот Полуостров, освен северозападните региони Астурија и поголем дел од Баскија. Територијата која била освоена била позната под името ел-Андалус.

Хронологија

  • VI векВизиготските племиња станале феудални господари
  • 612 г. — кралски указ, според кој еврејското население морало да премине во христијанската вера или ќе им биде одземено нивното богатство и имот
  • 710 г. — Тарик ибн Малук навлегол на полуостровот со околу 400 војници и 100 коњаници
  • 711 г. — емирот Муса ибн Нусаир, управник на Северна Африка, го испратил Тарик ибн Малук повторно на полуостровот
  • 711 г. — Битка кај Гвадалета. Генералот Тарик со околу 7.000 војници успеал да го порази кралот Родерик со околу 25.000 војници
  • 712 г. — Маврите започнале да ги зазимаат јужните градови на полуостровот
  • 715 г. — емирот Муса влегол во Дамаск со голем број на робови донесени од полуостровот
  • 717 г. — Маврите ја нападнале Франкија
  • 719 г. — престолнината била преместена од Севиља во Кордоба
  • 732 г. — емирот Абдулрахман ибн Абдалу ел-Гафики пристигнал до Жиронда
  • 732 г. — Битка кај Поатје во која Маврите доживеале пораз