Асирски календар

Асирскиот календар е месечев календар што почнува од 4750 г. п.н.е., кога бил изграден првиот храм во Ашур.[1][2][3] Новата година почнува со првите знаци на пролетта и се празнува како таква до денес.

Месеци

Асирски календар[4]
Годишно
време
Месец Транслитерација Значење Надлежен
бог
Бр. на
денови
Грегоријански
месец
Пролет ܢܝܣܢ Нисан-Нисон месец на среќата Енлил 31 март/април
ܐܝܪ Јар-Ијар месец на љубовта Хаја 31 април/мај
ܚܙܝܪܢ Хзеран-Хзирин месец на изградба Син 31 мај/јуни
Лето ܬܡܘܙ Тамуз месец на жетвата Тамуз 31 јуни/јули
ܐܒ/ܛܒܚ Тдабах (Аб)-Тибах (Об) месец на узревање на плодовите Шамаш 31 јули/август
ܐܝܠܘܠ Елол-Илул месец на посејување Иштар 30 август/септември
Есен ܬܫܪܝܢ ܐ Тишрин I месец на дарување Ану 30 септември/октомври
ܬܫܪܝܢ ܒ Тишрин II месец на будење на закопаните семки Мардук 30 октомври/ноември
ܟܢܘܢ ܐ Канон I (Кислеу) месец на зачнување Нергал 30 ноември/декември
Зима ܟܢܘܢ ܒ Канон II (Тебет) месец на починка Нашо 30 декември/јануари
ܫܒܛ Шват/Себат (Ишвит) месец на поплави Раман 30 јануари/февруари
ܐܕܪ Адар - Одар месец на зли духови Рохати 29 февруари/март

Интеркаларниот месец што се додава кога младата месечина по Адар ќе изгрее пред пролетна рамноденица се нарекува „Ве-Адад“.

Поврзано

Наводи

  1. http://www.meta-religion.com/World_Religions/Ancient_religions/Mesopotamia/timeline_of_assyria.htm
  2. [1]
  3. Асирски календар од Вилфред Алхас (англиски)
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-07-28. Посетено на 2013-04-12.