Астероид од типот X

Астероид од групата Xастероид од групата сочинета од неколку типови со слични спектри, но веројатно различни состави.

Толенова класификација

Во Толеновата класификација, групата X се состои од следниве типови:[1]

  • Тип E — големо албедо (> 0,30), сочинети од енстатит, форстерит и фелдспат. Се среќаваат во внатрешниот главен појас.[1]
  • Тип M — најголемата група, средно албедо, „метални“, сочинети од железо и никел, ес сметаат за родители на никлено–железните метеорити. Се среќаваат околу 3,0 ае и во унгарското подрачје (највнатрешниот главен појас).[1]
  • Тип P — мало албедо (< 0,10) со безлични црвени спектри; сочинети од јаглеродни хондрити и се среќаваат во надворешниот главен појас и подрачјето на Јупитеровите тројанци.[1]

Во овој систем, албедото игра главна улога во разграничувањето на типовите, па така телата со непознто албедо се вели дека се од тип X-. Таков пример е 50 Виргинија.

Класификација по SMASS

Класификацијата по SMASS не се вооди според албедото, туку спектралните особини не се доволно забележливи за да бидат видливи во широкопојасниот Осумбоен астероиден преглед (ECAS) што го користи Толеновата шема. Групата X и опфаќа следниве типови:

  • Јадрен тип X каде се астроидите со најтипичните спектри
  • Тип Xe, чии спектри содржат умерено широки впивни појаси околу 0,49 μм. Ова може да означува присуство на тролит (FeS). Постои извесна врска помеѓу оваа група и Толеновиот тип E.
  • Типови Xc и Xk, кои содржат широка испакната спектрална особина во опсег 0,55 до 0,8 μм (т.е. зголемен тек во овој опсег). Овие спектри се преодни, помеѓу јадрените од типот X и типовите C и K.

Освен типот Xe, не постои значителна врска помеѓу овие поделби на SMASS и Толеновите типови E, M и P. Сите типови од групата X опфаќаат мешавина од астероиди класификувани како тип E, M или P.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Fornasier, S.; Clark, B. E.; Dotto, E. (јули 2011). „Spectroscopic survey of X-type asteroids“. Icarus. 214 (1): 131–146. arXiv:1105.3380. Bibcode:2011Icar..214..131F. doi:10.1016/j.icarus.2011.04.022.