Атила Клинче

Атила Клинче
Роден 30 октомври 1958(1958-10-30)(65 г.)
Гостивар
Националност Македонски Турчин
Познат долгогодишен директор на НУ Турски Скопје

Улоги:
Прашина
Пред дождот

Занимање глумец, фунционер, директор
Сопружник Ѓулсер

Атила Клинче (турски: Atilla Klinçe; р. 30 октомври 1958 во Гостивар) — македонски функционер, глумец, професор на Факултетот за драмски уметности и поранешен директор на Турскиот театар во Скопје.

Животопис

Клинче е роден во Гостивар на 30 октомври 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1982 година, каде што е примен за доцент по техника на говорот. Специјализирал на државниот универзитет „Хаџет Тепе“ во Анкара, а во март 2011 магистрирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со што станал магистер по културологија. Како професор работи на Факултетот за драмски уметности, каде што предава сценски говор.

Работел како глумец во НУ Турски Театар во Скопје и бил директор на истиот од 2003 до 2006 година, кога бил разрешен од функцијата[1], но повторно бил назначен за директор на Тетарот во октомври 2008 година.[2] 2017 поднесува оставка од функцијата директор на НУ Турски Тетар Скопје.

Филмографија

Има одиграно повеќе од 70 улоги во многу претстави, од кои во повеќето заземал главни улоги.

Филмови

Серии

  • Таткото на турското семејство мало, во режија на Е. Френкел, Р. Јазадиски, Џ. Маркс и Р. Абази, 1999-2004;
  • "Наше маало" 2002;
  • "Заведени" 2002;
  • Министер за надворешни работи во мега турската серија „Збогум Румелија“, режија С. Акар-продукција АДАМ ФИЛМ-Р. Турција, 2007-2009;
  • Адвокат во турската серија „Балканска свадба“, режија С. Акар-продукција АДАМ ФИЛМ-Р. Турција, 2009; - 4 епизоди;
  • Мартин во турската серија „Минатото лето на Балканот“, Р. Турција, 2012.
  • Турска серија "Големото прогонство во Кавкасија", р. Турција, 2015-2016.
  • Турска серија "Турски приказни", р. Владимир Митревски, 2021.
  • "Преспав", р. Игор Иванов-Изи, р. Македонија, 2021.
  • Турска серија "Балканска приспивна песна", р. Сердар Акар, р. Турција, 2022-2023.

Награди

  • 1982 година наградата - „Млад глумец“ - на Театарскиот Фестивал Војдан Чернодрински
  • 2005 година за најдобро глумечко остварување на Театарскиот Фестивалот „Војдан Чернодрински“
  • 1982 година ја добив „Млад Борец„ за најдобар глумец
  • 2004 година Најдобар странски глумец во Призрен Р. Косово
  • 2003 година Глумец на годината прогласен од Турските медиуми.
  • 2016 година, награда „11 Октомври“[3]
  • 2024 година, награда за најдобар глумец на 9-тиот меѓународен театарски фестивал во "Анадолија" Турција.

Стручна дејност

  • Од 1980 како стипендист на Турската драма и како студент настапував во претставите на театарот;
  • Од 2005 година избран од страна на Собранието на Р. македонија за Член на Советот на Ј.П. МРТВ;
  • 11.04.2011 повторно избран за  Член на Советот на Ј.П. МРТВ;
  • Од 20.11.2014 со одлука број 09/02-2014 на Основачкиот совет на Меѓународниот Универзитет Визион член на Советот

Наводи

Надворешни врски