Баратлија
Баратлија | |
Координати 42°13′57″N 22°11′44″E / 42.23250°N 22.19556°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 11 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1316 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 27005 |
Баратлија — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка. Иако формално се води како посебно населено место, селото е всушност составен дел од с. Петралица [Како составен дел од селото Петралица се води само во агенцијата за катастар на недвижности. На сите други места (попис на население, избирачки список, список на села во РМ) се води како посебно село].
Географија и местоположба
Конкретни податоци за оваа село нема бидејќи истото се смета како да е дел од село Петралица.
Сепак, може да се каже дека селото е ридско-планинско и од разбиен маалски тип, со маала кои се протегат на поголема надморска висина.
Патната инфраструктура не е на задоволително ниво, бидејќи патот е земјан и изложен на атмосферските влијанија и покрај честите поправки е во лоша состојба или непрооден.
Стопанство
Во селото не постојат стопански и услужни објекти, а самото население главно се занимава со земјоделство.
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 39 жители, сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 7 Македонци и 4 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 396 | 453 | 365 | 359 | 239 | 93 | 89 | 39 | 11 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Баратлија е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:
Баба Анџици (4 к.), Мулинци (4 к.), Дојаковци (4 к.), Шкуртинци (4 к.), Араличанци (3 к.), Вучковци (3 к.), Стамболици (3 к.), Чаушевци (2 к.), Белинци (2 к.), Даскинци (1 к.) сите родови потекнуваат од ист предок. А тоа бил некојси Богдан Баратлија. Тој бил многу познат човек, и по него селото го добило името.[9]
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во тогашната општина Петралица, во која покрај Баратлија се наоѓале и селата Гиновце, Криви Камен, Милутинце и Петралица. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.
Иселеништво
Од Баратлија има многу иселеници. Сите иселеници се од времето после последната војна (Втора светска војна). Најпрво околу 20 семејства се колонизирани во Војводина. Потоа околу 20 семејства се иселиле во Скопје, и околу 15 во Свети Николе. Родовите Пешевци, Гиго и Величко се иселиле во селото Сопот во Овче Поле.[9]
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.
Надворешни врски
|