Барселона — покраина во североисточна Шпанија, сместена во централното и источното подрачје на шпанската автономна заедницаКаталонија. Покраината се граничи со останатите три каталонски покраини: Жирона на север, Тарагона на југ и Љеида на запад, и на исток со Средоземното Море. Покраината, која има површина од 7.726 км2, е населена од над пет и пол милиони луѓе, од кои околу 29% живеат во административните граници на градот Барселона,[1] седиштето на покраината.