Бауманова капсула

Бауманова капсула
Гломерул (црвен), Бауманова капсула (сина) и проксимална тубула (зелена)
Податоци
Назнаки
Латинскиcapsula glomeruli
FMAFMA:15626

Бауманова капсула е почетниот, проширен дел на нефронот. Во капсулата се наоѓа збир од капилари наречен гломерул. Баумановата капсула заедно со гломерулот ја сочинуваат бубрежната корпускула.

Историја

Баумановата капсула е наречена според Сер Вилијам Бауман (1816–1892), британски хирург и анатом.[1] Сепак, темелната микроскопска анатомија на бубрегот вклучувајќи ја и нефронаската капсула прв ја опишал Александар Михајлович Шумљански (1748–1795), во неговата докторска теза од 1782 „De structura renum“ („За структурата на бубрегот“, на латински); многу порано од Бауман.[2]

Наводи