Белц или Балц (романски: Bălți, руски: Бэлць, украински: Бєльці) — град во Молдавија. Според површина и економската важност, Белц е втор во Молдавија по главниот град Кишинев и трет по население по Кишинев и Тираспол. Белц е еден од петте општини во државата. Градот е важен индустриски, културен, комерцијален и транспортен центар за северот на државата. Белц се наоѓа на 127 километри северно од Кишинев.