Тука се наоѓало независното кнежевство наречено Анхалт-Бернбург, настанато по поделбата на кнежевството Анхалт во 1603. Оваа микро-држава била доведена до ранг на војводство во 1806 и споено со другите делови за да го формираат обединетот војводство Анхалт, повторно во 1863.
Географија
Малиот округ Бернбург се наоѓа во историскиот регион Анхалт. Реката Зале поминува низ округот од југ кон север.
Грб
Грбот прикажува мечка што шета на црвен ѕид. Мечката е хералдичко животно на Бернбург и Анхалт. Грбот е сличен на стариот грб на средновековната држава Анхалт-Бернбург и провинцијата Анхалт во рамките на Вајмарската Република.