Беру

Сателитска снимка на Беру.
Карта на Гилбертовите Острови.

Беру (кирибатски: Beru) е атол во Кирибати. Атолот е дел од островската група Гилбертови Острови, кои се наоѓаат во Тихиот Океан. Атолот бил познат како Елиза, Франсис, Марија, Пероат, Перу и Сандеј.

Географија

Беру е дел од еден поголем гребен, кој е долг околу 15 километри со најширока точка од 4.75 километри. Центарот на гребенот е заземен од мала депресија наречена Лагуна Нука. Атолот зазема третина од гребенот. Најголемата должина на островот е 13.9 километри, додека ширината варира од 0.5 до 2.9 километри.

Атолот се наоѓа на околу 96 километри источно од Табитеуеја и 426 километри југоисточно од Тарава. Најблизок остров на атолот е Никунау.

Населени места

На атолот се наоѓаат населените места:

  • Ронгоронго
  • Табукинберу

Поврзано

Надворешни врски

1°19′S 175°58′E / 1.317°S 175.967°E / -1.317; 175.967