Бершки Гладбах

Бершки Гладбах

Bergisch Gladbach

Стариот градски дом на Бершки Гладбах
Стариот градски дом на Бершки Гладбах
Стариот градски дом на Бершки Гладбах
Знаме на Бершки Гладбах
Грб на Бершки Гладбах
Бершки Гладбах во рамките на Германија
Бершки Гладбах
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Келн
Округ Рајнско-бершки
Градски единици 6
Градоначалник Луц Урбах (ДХС)
Основни податоци
Површина 83,12 км2
Надм. височина 51−267 м
Население 111.636 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.343 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GL
Пошт. бр. 51401-51469
Повик. бр. 02202, 02204, 02207
Портал bergischgladbach.de
Местоположба на градот Бершки Гладбах во рамките на округот Рајнско-бершки
Карта
Карта
Координати 50°59′30″N 7°8′10″E / 50.99167° СГШ; 7.13611° ИГД / 50.99167; 7.13611
Дворецот Бенсберг

Бершки Гладбах (германски: Bergisch Gladbach) — град во регионот Келн/Бон на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија, и седиште на Рајнско-бершкиот округ

Географија

Градот е сместен источно од реката Рајна, околу 10 километри источно од Келн.

Историја

Бершки Гладбах го дели првиот дел од името со историското подрачје Берг во кое се наоѓа, иако самиот во денешен облик е основан дури во 1856 г.

На почетокот на XII век на подрачјето се доселиле грофовите од семејството Берге. Следниот век во него никнале селски населби. Берг подоцна станал војводство, а потоа и големо војводство под наполеонска власт.

Вториот дел од името доаѓа од поимите gelaat (кој подоцна станал glad) и bach, што на месниот долногермански дијалект значи „канализиран поток“ и се однесува на рекичката Штрунде.

Во 1975 г. во состав на гратчето влегло и соседното место Бенсберг. По две години, во 1977 г. населението достигнало 100.000 жители и Бершки Гладбах стекнал официјален статус на град.

Стопанство

Најзастапени стопански дејности во градот се производството на хартија, печатарството, производството на стаклена волна, чоколади и висока технологија.

Збратимени градови

Бершки Гладбах е збратимен со следниве градови:

Франција Бургоан Жалје, Франција (1956)
Обединето Кралство Лутон, Велика Британија (1956)
Холандија Велзен, Холандија (1956)
Франција Жоанвил ле Пон, Франција (1960)
Обединето Кралство Ранимид, Велика Британија (1965)
Литванија Маријамполе, Литванија (1989)
Кипар Лимасол, Кипар (1991)
Полска Пшчина, Полска (1993)
Палестински територии Бејт Џала, Палестина (2010)
Израел Ганеј Тиква, Израел (2012)

Познати личности

  • Валдемар Хенрици (1878-1950) — генерал-потполковник и водач на Државната трудова служба
  • Армин Фалк (р. 1968) — економист
  • Георг Кох (р. 1972) — фудбалски голман
  • Хајди Клум (р. 1973) — манекенка и водителка
  • Каролин Кебекус (р. 1980) — хумористка, пејачка и глумица
  • Тим Визе (р. 1981) — фудбалски голман и борач
  • Фабијан Хамбихен (р. 1987) — спортски гимнастичар
  • Матс Хумелс (р. 1988) — фудбалер
  • Бастијан Очипка (р. 1989) — фудбалер
  • Тибор Плајс (р. 1989) — кошаркар во НБА за „Јута џез“

Средни училишта во градот

  • Гимназија „Алберт Велики“
  • Гимназија - Херкенрат
  • Гимназија „Никола Кузански“
  • Гимназија „Ото Хан“
  • Гимназија „Дитрих Бонхефер“
  • Интегрирано здружено училиште - Пафрат

Поврзано

Наводи

Надворешни врски