Бизмарк (Северна Дакота)

Бизмарк (англиски: Bismarck) е главен град на Северна Дакота, држава во Соединетите Американски Држави. Именуван е по германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. По пописот во 2020 година, тој има население од 73,622 лица[1] со површина од 91.121 km2[2] и е втор по големина град во Северна Дакота. Тој е окружен центар на округот Барли и лежи на реката Мисури.
Локален весник е Бизмарк Трибјун (Bismarck Tribune). Бизмарк има меѓународен аеродром и две болници. Бизмарк е седиште и на државниот затвор на Северна Дакота.
Бизмарк е важен трговски центар за пченица и добиток.
Наводи
- ↑ „Explore Census Data“. United States Census Bureau. Посетено на March 17, 2024.
- ↑ „2024 U.S. Gazetteer Files“. United States Census Bureau. Посетено на November 2, 2024.
|