Бојан Димоски

Бојан Димоски
Лични податоци
Роден на 23 ноември 2001(2001-11-23)(23 г.)
Роден во Прилеп, Македонија
Висина 1,76 м
Позиција Лев бек, халф
Клупски податоци
Сегашен клуб Акрон Толјати
Број 20
Младинска кариера
0000–2016 Тетекс
2016–2019 Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019–2020 Вардар 14 (0)
2020–2023 Академија Пандев 70 (3)
2023–2025 Акрон Толјати 42 (0)
2025-Партизан (позајмица) 0 (0)
Репрезентација
2018 Македонија П17 4 (0)
2019 Македонија П19 5 (0)
2021–2022 Македонија П21 6 (1)
2022– Македонија 18 (0)
* Ажурирано на: 12 февруари 2025
** Ажурирано на: 14 ноември 2024

Бојан Димоски (Прилеп, 23 ноември 2001) — македонски професионален фудбалер кој игра како лев бек, како и халф за српскиот клуб ФК Партизан како позајмица од рускиот клуб Акрон Толјати.[1]

Кариера

Клупска кариера

Во сениорска конкуренција Димоски дебитирал на 24 февруари 2019 година на 17 години, влегувајќи во игра за Вардар на стартот од второто полувреме во натпреварот од Првата македонска фудбалска лига против Ренова.[2] Таа сезона играл уште четири натпревари, што му обезбедило премин од младинскиот во сениорскиот тим. Бојан редовно настапувал во претстојната сезона 2019-2020, што му обезбедило трансфер во Академија Пандев.[3]

На 14 јуни 2023 година, Димоски потпишал долгорочен договор со рускиот прволигашки клуб Акрон Толјати.[4]

Меѓународна кариера

Од 2018 година Димоски е редовен во повеќето младински репрезентации на Македонија.

Тој го направи своето деби за фудбалската репрезентација на Македонија на 12 јуни 2022 година во Лигата на нации Ц на УЕФА 2022–23 против Гибралтар.[5]

Статистика за кариера

Клуб Сезона Првенство Куп Континетален Други Вкупно
Лига Н Г Н Г Н Г Н Г Н Г
Вардар 2018–19 Прва македонска фудбалска лига 5 0 5 0
2019–20 Прва македонска фудбалска лига 9 0 9 0
Вкупно 14 0 0 0 0 0 0 0 14 0
Академија Пандев 2020–21 Прва македонска фудбалска лига 30 1 3 0 33 1
2021–22 Прва македонска фудбалска лига 14 2 0 0 14 2
2022–23 Прва македонска фудбалска лига 26 0 1 0 0 0 27 0
Вкупно 70 3 4 0 0 0 0 0 74 3
Акрон Толјати 2023–24 Руска прва лига 24 0 2 0 2[б 1] 0 28 0
2024-25 Руска премиер лига 9 0 5 0 14 0
Вкупно 33 0 7 0 2 0 42 0
Севкупно 117 3 11 0 0 0 2 0 130 3

Белешки

  1. Настапи во промотивен плеј-оф

Наводи

Надворешни врски