Брокопондо (округ)
Брокопондо Brokopondo | |
---|---|
округ | |
![]() Акумулација Брокопондо | |
![]() Карта на Суринам со означен Брокопондо | |
Држава | Суринам |
Адм. центар | Брокопондо |
Површина | |
• Вкупна | 7.364 км2 (2,843 ми2) |
Население (попис 2012) | |
• Вкупно | 15.909 |
• Густина | 2,2/км2 (5,6/ми2) |
Час. појас | ART (UTC-3) |
Брокопондо (холандски: Brokopondo) е округ во Суринам. Административен центар на окруогот е гратчето Брокопондо.
Географија
Брокопондо се наоѓа во северниот дел на државата. Овој е еден од трите окрузи во Суринам кои немаат излез на море. Вкупната површина на округот е 7,364 км2.
На територијата на округот се наоѓа вештачкото езеро Брокопондо, во близина на Афобака.[1] Акумулацијата е изградена во период од 1961 до 1964 година. Оваа акумулација произведува електрична енергија, и истата е извор на скоро половина од потребите за електрична енергија во земјата.
Округот има густа шума, каде се наоѓаат голем број разновиден див свет. Во округот се наоѓаат и водопадите Ирене и Лео.
Население
Вкупното население на округот, според пописот од 2012 година, е 15.909 жители. Адинистративен центар на округот е Брокопондо, а покрај него во округот се наоѓаат и гратчињата Браунсвег и Квакугрон. Поради скорооткриениот рудник за злато на територијата на Брокопондо, во округот во скоро време има зголемен број на доселеници.
Ресорти
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2e/Brokopondo_resorts_Suriname_Neutral.png/250px-Brokopondo_resorts_Suriname_Neutral.png)
Брокопондо е поделен на 6 ресорти (второстепена административна поделба):
- Браунсвег
- Центар
- Класкрек
- Квакугрон
- Махалкрек
- Саракрек
Наводи
- ↑ Брокопондо, Британика
Поврзано
- Суринам
- Окрузи во Суринам
Надворешни врски
4°46′21″N 55°07′46″W / 4.77250°N 55.12944°W
|