Бургундски јазик (германски)
Бургундски јазик — изумрен источногермански јазик што го говореле Бургундите во југоисточна Галија сè до V век.
За овој јазик имаме мошне оскудни сознанија. Зачувани се извесни лични имиња. Некои денешни локални дијалектизми водат потекло од древниот бургундски јазик, но не е лесно да се разликуваат од другите германизми, особено заради нивниот современ облик. Не се знае со сигурност во која мера бургундскиот јазик извршил влијание врз денешните франкопровансалски дијалекти во Бургундија откако таа станала покраина на кралството Франција.