Бурлеска
Бурлеска (претстава) е сценска претстава компонирана од скечеви, хумор, хорски песни и соло-танци.[1]
Потекло
Воведена била во САД, во 1868 година од англискиот женски хор. Се развила како верзија на пејачкото шоу, поделена на три дела:
- серија од хумористични песни, урнебесни скечеви и мкомични монолози;
- олио, или комбинација од различни актови(акробации, магионичари, пејачи); и
- хорски изведби и повремено имитирање, или бурлеска за политика или некоја актуелна драма.
Претставата завршувала со егзотичен танчар или боксерски натпревар.
Историјат
Во почетокот на 20 век многу изведувачи, вклучувајќи ги Фани Брис, Ал Џолсон и В.Ц.Фидлс, своите кариери ги започнале со бурлески. Додавањето на стриптизот во 1920 година направило ѕвезда од циганката Роза Ли, но цензурата и конкуренцијата од филмот наскоро довеле до крај на бурлеската.
Наводи
- ↑ Британски енциклопедиски речник, ENCYCLOPEDIA Britannica, Топер, МПМ, 2005
|