Вајсензе (Тирингија)
Вајсензе
Weißensee | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Земерда |
Градоначалник | Матијас Шрот |
Основни податоци | |
Површина | 55,33 км2 |
Надм. височина | 143 м |
Население | 3.633 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 66 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SÖM |
Пошт. бр. | 99631 |
Повик. бр. | 036374 |
Портал | www.weissensee.de |
Местоположба на градот Вајсензе во рамките на округот Земерда | |
![]() | |
Координати | 51°11′0″N 11°4′0″E / 51.18333°N 11.06667°E |
Вајсензе (германски: Weißensee)) — мал град во округот Земерда, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 6 километри северозападно од окружниот град Земерда и 35 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт.
Географија
Местоположба
Вајсензе се наоѓа во северниот дел на Тириншката Котлина, оддалечен 35 километри од Ерфурт.
Соседни општини
Вајсензе се граничи со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Кинделбрик, Гинштет, Ритген, Грифштет, Земерда, Вундерслебен, Штраусфурт, Ганглофземерн и Гројсен.
Градски единици
Кон градот Вајсензе припаѓаат следниве единици:
- Херншвенде
- Наузис
- Отенхаузен
- Шерндорф
- Валтерсдорф
- Шенштет
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 16 места, како и гласот на градоначалникот.
По општинските избори на 26 мај 2019 година, распределбата во советот е следна:[2]
Партија / Листа | Места | + / –* |
CDU | 9 | − 1 |
BFW | 4 | |
SPD | 1 | − 2 |
Die Linke | 1 | ± 0 |
NPD | 1 |
*: Разлика со изборите во 2014 г.
Градоначалник
Од 2015 година, градоначалник на градот Вајсензе е Матијас Шрот.
Збратимени градови
Вајсензе е збратимен со следниве градови:
Галерија
-
Градската црква
-
Рунебург
-
Поглед на Вајсензе
-
Ветерница во градот
Наводи
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen“. Thüringer Landesamt für Statistik. Посетено на 2019-07-07.
Надворешни врски
Вајсензе (Тирингија) на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|