Везениц
Везениц | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Елба 50°57′49″N 13°53′39″E / 50.96361°N 13.89417°E |
Должина | 83 км |
Особености на сливот |
Везениц (германски: Wesenitz) — река во сојузната покраина Саксонија, Германија, десна притока на Елба. Нејзината вкупна должина е 83 километри. Везениц ече низ туристичките области на Лужичките Гори и Саксонска Швајцарија. Нејзината име е изведено од лужичкиот јазик wjaz (брест).[1]
Географија
Везениц извира близу Нојкирх (Лужица) и тече југозападно низ Бишофсверда, Гросдребниц, Штолпен и Дирерсдорф-Дитерсбах. Везениц се влева во Елба во близина на Пирна.
Туристички атракции
Замокот Штолпен е официјално документиран за првпат во 1222 година, кога бил во сопственост на Дрезденско-мајсенската епископија. Во 1559 преминал во сопственост на изборниот кнез на Саксонија. Славата на замокот потекнува од периодот 1716-1765, кога Августус Втори Силниот во замокот ја чувал својата љубовница Ана Констанција фон Брокдорф.
Liebethaler Grund, „Портата на Саксонска Швајцарија“ е сликовита долина. Во близина на поранешната хидроелектрична централа може да се посети најголемиот споменик на Рихард Вагнер.
Наводи
- ↑ Jan Meschgang: Die Ortsnamen der Oberlausitz; Domowina Verlag, Bautzen 1973; S. 97