Вестморленд (округ во Вирџинија)

Националниот споменик на родното место на Џорџ Вашингтон се наоѓа во округот Вестморленд.

Вестморленд (англиски: Westmoreland County) — округ во Северен Нек во сојузната американска држава Вирџинија. Според пописот од 2000 година, округот има околу 16.718 жители и главен центар на округот е градот Монтрос. Овој округ е познат по тоа што е родно место на првиот американски претседател - Џорџ Вашингтон. Вашингтон е роден во тогашната населба Бриџес Крик, а овој округ е родно место и на петтиот американски претседател - Џејмс Монро, меѓу останатите видни американски општественици од Вестморленд.[1]

Географија

Според Заводот за статистика на САД, округот има вкупна површина од 655 км2, од кои 593 км2 се земја, а 60 км2 се вода. Овој округ се наоѓа на полуостровот Северен Нек во сојузната држава Вирџинија.

Округот Вестморленд граничи со следните окрузи:

  • Округ Чарлс - север
  • Округ Сент Мери - североисток
  • Округ Нортамберленд - југоисток
  • Округ Ричмонд - југ
  • Округ Есекс - југозапад
  • Округ Кинг Џорџ - југозапад

Градови

  • Колониал Бич
  • Монтрос

Поврзано

  • Вирџинија
  • Национален споменик на родното место на Џорџ Вашингтон
  • Окрузи во Вирџинија

Наводи

  1. Marquis, A.N. Company. Who's Who In America, vol. 1:Historical Volume (1607-1896), revised ed., Marquis, A.N. Company., 1967.

Надворешни врски

38°07′N 76°48′W / 38.11°N 76.80°W / 38.11; -76.80

Предлошка:Вирџинија-гео-никулец