Ветерница — конструкција која ја претвора енергија на ветрот во вртежна енергија со помош на лопатки или ножеви.[1][2] Во минатото, ветерниците се употребувале за мелење жито, пумпање вода или и за двете. Повеќето од современите ветерници го добиваат изгледот на ветерни турбини за производство на електрична енергија, или ветерни пумпи за пумпање вода, како и за дренажа на земјиштето или за црпење на подземните води.
„Ветерниците на твојот ум“ (англиски: The Windmills of Your Mind) — песна на англиската поп-пејачка Дасти Спингфилд (Dusty Springfield) од 1969 година.[5]