Ветин (Саксонија-Анхалт)

Ветин
Место во Ветин-Лебејин
Замокот Ветин на реката Зале
Замокот Ветин на реката Зале
Замокот Ветин на реката Зале
Грб на Ветин
Ветин (Саксонија-Анхалт) во рамките на Германија
Ветин (Саксонија-Анхалт)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Зале
Град Ветин-Лебејин
Основни податоци
Површина 27 км2
Надм. височина 73 м
Население 2.355  (31 декември 2009)
 - Густина 87 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SK
Пошт. бр. 06198
Повик. бр. 034607
Портал www.wettin.de
Координати 51°35′N 11°48′E / 51.583° СГШ; 11.800° ИГД / 51.583; 11.800

Ветин (германски: Wettin) — мал град и поранешна општина во округот Зале, во Саксонија-Анхалт, Германија, кој се наоѓа на реката Зале, северно од Хале. Од 1 јануари 2011 е дел од градот Ветин-Лебејин. Познат е по замокот Ветин, старо седиште на династијата Ветин, владејачка династија на Саксонија и Полска. Знаменитости во Ветин се кулата Бизмарк, градското собрание и замокот (користен како Burggymnasium.

Историја

Историски припаѓања
Надбискупија Магдебург 1288-1680
Војводство Магдебург 1680-1807
Кралство Прусија 1701-1918
Провинција Саксонија 1815-1944
Северногермански Сојуз 1866-1871
Германско Царство 1871-1918
Слободна држава Прусија 1918-1933
Вајмарска Република 1919-1933
Нацистичка Германија 1933-1945
Хале-Мерзебург 1944-1945
Окупирана Германија 1945-1949
Саксонија-Анхалт 1946-1952
Источна Германија 1949-1990
Саксонија-Анхалт 1990-
Германија 1990-

Ветин бил првпат спомнат како Vitin civitas во декрет од 961 издаден од германскиот крал Ото I. Потоа, населбата станала тврдина во рамките на Источната саксонска граница, одржувана од Дитрих I фон Ветин, почетник на династијата. Неговите наследници станала грофови на Лужица во 1032 и на Мајсен во 1123. Во 1288 Ветин бил доделен на надбискупот Магдебург Ерик фон Бранденбург.

Михелн
Малото село Михелн (немојте да бидете збунети со поголемиот Михелн близу Мерзебург) станалот дел од Ветин и ги вклучил старата обновена капела на сиромашните војници на Христот и Храмот Соломон (Витези Темплари).
Лицкендорф
Како цел на бомбардирањето во Нафтената кампања на Втората светска војна, нафтените фабрики Лицкендорф, вклучувале:
  • мала фабрика на Wintershall AG[1] за рафинирање на сурова нафта (100.000 тони/год),
  • единица за хидрогенизација на јаглен (125.000 тони/год),
  • фабрика за процес Фишер-Тропш (80.000 тони/год) за обработка на тежок гас од синтетичка нафта,[2] and
  • резервоар за околу 75.000 тони.

Наводи

  1. „The How and Why Air Attacks Crippled the German Oil-Chemical Industry: Natural Oil Targets“. Orbat.com. Архивирано од изворникот на 2011-06-14. Посетено на 2009-10-24.
  2. Предупредување за наводот: Ознаката <ref> со назив Stranges не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена.