Виктор Класон
Виктор Класон | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Виктор Јохан Антон Класон[1] | ||
Роден на | 2 јануари 1992 | ||
Роден во | Вернамо, Шведска | ||
Држава | Шведска | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Копенхаген | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
ИФК Вернамо | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008–2011 | ИФК Вернамо | 70 | (29) |
2012–2017 | Елфсборг | 134 | (32) |
2017–2022 | Краснодар | 114 | (32) |
2022– | Копенхаген | 20 | (7) |
Репрезентација ‡ | |||
2008 | Шведска 17 | 2 | (0) |
2009-2010 | Шведска 19 | 9 | (3) |
2011-2015 | Шведска 21 | 20 | (1) |
2012- | Шведска | 69 | (13) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011 |
Виктор Јохан Антон Класон (роден на 9 октомври 1993) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Краснодар и на шведската репрезентација.
Клупска кариера
Роден и израснат во Вернамо, својата кариера ја започнал во екипата на ИФК Вернамо, за која дебитирал како професионалец во третата шведска лига во 2009 година. Под водството на тренерот Јонас Терн, клубот изборил промоција во Суперетан - втората лига на земјата - благодарение на својте млади и талентирани играчи како Симон Терн, Лалавеле Атакора и Класон. Следната година Класон постигнал 13 гола на 29 натпревари во втората лига, и покрај тоа, што тимот бил принуден да победува во баражот за да остане во лигата.
По одличната сезона во Суперетан со ИФК Вернамо, Класон потпишал четиригодишен договор со многу попознатиот шведски прволигашки клуб Елфсборг.[2] Дебитирал во Алсвенскан на 31 март 2012, во победата на домашен терен со 2-1 над Јургорден, а својот прв погодок во дресот на Елфсборг го забележал на 12 април 2012 во победата со 2-0 над Норчепинг. Веќе во првата сезона со клубот, тој го освоил шведското првенство придонесувајќи за титулата со 27 настапи и 5 голови. Во мај 2014, тој играл од почетокот на натпреварот во победата со 1-0 над Хелсингборг во финалето на Купот на Шведска, освојувајќи ја својата втора титула со Елфсборг.
На 25 јануари 2017 година, Класон потпишал три ипол годишен договор со руската екипа Краснодар.[3] Дебитирал на 16 февруара 2017 година против турскиот Фенербахче во Лига Европа; во четвртата минута од истиот натпревар го постигнал првиот гол за новиот клуб уште при првиот допир со топката, а УЕФА потоа го избрала за најдобар играч на натпреварот.[4]
На 5 март 2022 година, тој го раскинал договорот со Краснодар по конфликтот меѓу Русија и Украина.[5] На 31 март, тој потпишал за данскиот ФК Копенхаген.[6]
Репрезентативна кариера
Класон ја претставувал Шведска во неколку младински репрезентации: под 17 години, под 19 години и под 21 година.
Дебитирал за сениорската репрезентација на Шведска на 18 јануари 2012, во пријателски натпревар против Бахреин,[7] а својот прв гол го постигнал само пет дена подоцна во победата со 5-0 против Катар во својот втор натпревар за шведската репрезентација.
Во мај 2018 годинa, бил избран во составот на Шведска за Светското првенство 2018 во Русија,[8] каде ги одиграл сите натпревари за својата земја, а Шведска дошла до четвртфиналето каде била елиминирана од Англија. Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство 2020, каде исто така ги одиграл сите натпревари, заклучно со поразот од Украина во осминафиналето по продолженија со кои швеѓаните биле елиминирани. Класон постигнал еден гол на турнирот, во последниот натпревар од групната фаза против Полска погодувајќи ја мрежата на полјаците во четвртата минута од судиското продолжение со што и донел победа на својата репрезентација и воедно прво место во групата Е.
Хронологија на репрезентативни настапи
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
18-1-2012 | Доха | Бахреин | 0 – 2 | Шведска | Пријателска | - | 73' | |
23-1-2012 | Доха | Катар | 0 – 5 | Шведска | Пријателска | 1 | 63' | |
23-1-2013 | Чијанг Мај | Шведска | 1 – 1 (4 – 1 пен.) |
Северна Кореја | Пријателска | - | ||
26-1-2013 | Чијанг Мај | Шведска | 3 – 0 | Финска | Пријателска | - | ||
6-1-2016 | Абу Даби | Шведска | 1 – 1 | Естонија | Пријателска | - | 46' | |
10-1-2016 | Абу Даби | Шведска | 3 – 0 | Финска | Пријателска | - | ||
15-11-2016 | Будимпешта | Унгарија | 0 – 2 | Шведска | Пријателска | - | 65' | |
8-1-2017 | Абу Даби | Шведска | 1 – 2 | Брег на Слоновата Коска | Пријателска | - | ||
12-1-2017 | Абу Даби | Шведска | 6 – 0 | Словачка | Пријателска | - | ||
25-3-2017 | Солна | Шведска | 4 – 0 | Белорусија | Квал. за СП 2018 | - | 85' | |
28-3-2017 | Фуншал | Португалија | 2 – 3 | Шведска | Пријателска | 2 | ||
9-6-2017 | Солна | Шведска | 2 – 1 | Франција | Квал. за СП 2018 | - | 77' | |
13-6-2017 | Осло | Норвешка | 1 – 1 | Шведска | Пријателска | - | ||
31-8-2017 | Софија | Бугарија | 3 – 2 | Шведска | Квал. за СП 2018 | - | 82' | |
3-9-2017 | Борисов | Белорусија | 0 – 4 | Шведска | Квал. за СП 2018 | - | 67' | |
7-10-2017 | Солна | Шведска | 8 – 0 | Луксембург | Квал. за СП 2018 | - | ||
10-10-2017 | Амстердам | Холандија | 2 – 0 | Шведска | Квал. за СП 2018 | - | 68' | |
10-11-2017 | Солна | Шведска | 1 – 0 | Италија | Квал. за СП 2018 | - | ||
13-11-2017 | Милано | Италија | 0 – 0 | Шведска | Квал. за СП 2018 | - | 71' | |
24-3-2018 | Солна | Шведска | 1 – 2 | Чиле | Пријателска | - | ||
27-3-2018 | Крајова | Романија | 1 – 0 | Шведска | Пријателска | - | 83' | |
9-6-2018 | Гетеборг | Шведска | 0 – 0 | Перу | Пријателска | - | ||
18-6-2018 | Нижни Новгород | Шведска | 1 – 0 | Јужна Кореја | СП 2018 - Прва фаза | - | 61' | |
23-6-2018 | Сочи | Германија | 2 – 1 | Шведска | СП 2018 - Прва фаза | - | 74' | |
27-6-2018 | Екатеринбург | Мексико | 0 – 3 | Шведска | СП 2018 - Прва фаза | - | ||
3-7-2018 | Санкт Петербург | Шведска | 1 – 0 | Швајцарија | СП 2018 - Осминафинале | - | ||
7-7-2018 | Самара | Шведска | 0 – 2 | Англија | СП 2018 - Четвртфинале | - | ||
6-9-2018 | Прага | Австрија | 2 – 0 | Шведска | Пријателска | - | 67' | |
10-9-2018 | Солна | Шведска | 2 – 3 | Турција | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | 1 | ||
11-10-2018 | Калининград | Русија | 0 – 0 | Шведска | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | ||
16-10-2018 | Солна | Шведска | 1 – 1 | Словачка | Пријателска | - | 66' | |
17-11-2018 | Ескишехир | Турција | 0 – 1 | Шведска | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | 90' | |
20-11-2018 | Солна | Шведска | 2 – 0 | Русија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | 80' | |
23-3-2019 | Солна | Шведска | 2 – 1 | Романија | Квал. за Евро 2020 | 1 | ||
26-3-2019 | Осло | Норвешка | 3 – 3 | Шведска | Квал. за Евро 2020 | 1 | ||
7-6-2019 | Солна | Шведска | 3 – 0 | Малта | Квал. за Евро 2020 | 1 | ||
10-6-2019 | Мадрид | Шпанија | 3 – 0 | Шведска | Квал. за Евро 2020 | - | 27' | |
8-10-2020 | Москва | Русија | 1 – 2 | Шведска | Пријателска | - | 77' | |
11-10-2020 | Загреб | Хрватска | 2 – 1 | Шведска | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 65' | |
14-10-2020 | Лисабон | Португалија | 3 – 0 | Шведска | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | ||
14-11-2020 | Солна | Шведска | 2 – 1 | Хрватска | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 74' | |
17-11-2020 | Сен Дени | Франција | 4 – 2 | Шведска | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | 1 | 66' | |
25-3-2021 | Солна | Шведска | 1 – 0 | Грузија | Квал. за СП 2022 | 1 | 74' | |
28-3-2021 | Приштина | Косово | 0 – 3 | Шведска | Квал. за СП 2022 | - | 83' | |
29-5-2021 | Солна | Шведска | 2 – 0 | Финска | Пријателска | - | 77' | |
5-6-2021 | Солна | Шведска | 3 – 1 | Ерменија | Пријателска | - | 46' 79' | |
14-6-2021 | Севиља | Шпанија | 0 – 0 | Шведска | Евро 2020 - Прва фаза | - | 69' | |
18-6-2021 | Санкт Петербург | Шведска | 1 – 0 | Словачка | Евро 2020 - Прва фаза | - | 64' | |
23-6-2021 | Санкт Петербург | Шведска | 3 – 2 | Полска | Евро 2020 - Прва фаза | 1 | 78' | |
29-6-2021 | Глазгов | Шведска | 1 – 2 прод. | Украина | Евро 2020 - Осминафинале | - | 97' | |
Вкупно | Настапи | 50 | Голови | 10 |
Статистика
Клупска статистика
Репрезентативна статистика
Репрезентација | Год. | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | |||
2012 | 2 | 1 | |
2013 | 2 | 0 | |
2016 | 3 | 0 | |
2017 | 12 | 2 | |
2018 | 14 | 1 | |
2019 | 4 | 3 | |
2020 | 5 | 1 | |
2021 | 8 | 2 | |
Вкупно | 50 | 10 |
Титули
Клупски
Елфсборг
- Шведско првенство : 1
- 2012
- Куп на Шведска : 1
- 2013-2014
Наводи
- ↑ „2018 FIFA World Cup Russia – List of Players“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 4 June 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-02. Посетено на 4 June 2018.
- ↑ „Viktor Claesson är klar för Elfsborg“. bt.se. 29. 7. 2011. Архивирано од изворникот на 15. 08. 2011. Посетено на 15. 8. 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ „Краснодар укрепил рядыВиктором Клаэссоном“. fckrasnodar.ru. FC Krasnodar. 25. 1. 2017. Посетено на 25. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Krasnodar-Fenerbahce game report“. UEFA. 16. 2. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „«Краснодар» расторг контракт с Виктором Классоном“ (руски). Посетено на 2022-03-05.
- ↑ „Viktor Claesson bliver FCK-spiller resten af sæsonen“ (дански). Посетено на 2022-06-03.
- ↑ „Бахреин VS. Шведска 0:2“ (англиски). soccerway.com. 18. 1. 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists - Goal.com“.
Надворешни врски
Портал „Биографија“ | |
Портал „Фудбал“ | |
Портал „Шведска“ |
- Виктор Класон на soccerway
- Виктор Класон на transfermarkt
- Виктор Класон на global sports archive
- Виктор Класон на whosocered
|