Вилијам Џејмс
Вилијам Џејмс (англ. William James) (Њујорк,11 јануари 1842 - Њу Хемпшир,26 август 1910), бил познат американски психолог и филозоф, брат на писателот Хенри Џејмс и основоположник на бихејвиористичката психологија. Во периодот од 1894 до 1895 бил претседател на Друштвото за Психолошки истражувања.
Неговата теорија дека „емоциите“ се само одраз на телесните промени кои го следат стресот, иако спорна, имала големо влијание врз клиничката психологија. Тоа придавање на значење на надворешните знаци на анксиозноста, повеќе отколку на внатрешните чувства, дало значајна теориска рамка за бихејвиористичките истражувања.
Главни дела и библиографија
- Основи на Психологијата (The Principles of Psychology, 2 vols. 1890)
- Психологија (Краток курс) (Psychology - Briefer Course, 1892)
- Волјата за верување и други есеи од популарната психологија (The Will to Believe, and Other Essays in Popular Philosophy, 1897)
- Човековата бесмртност (Human Immortality: Two Supposed Objections to the Doctrine, 1897)
- Разновидност на религиозното искуство (The Varieties of Religious Experience: A Study in Human Nature, 1902)
- Прагматизам:ново име за некои стари начини на размислување (Pragmatism: A New Name for Some Old Ways of Thinking, 1907)
- Плуралистички универзум (A Pluralistic Universe, 1909)
- Значењето на вистината (The Meaning of Truth: A Sequel to "Pragmatism", 1909)
- Некои филозофски проблеми (Some Problems of Philosophy, 1911)
- Спомени и истражувања (Memories and Studies, 1911)
- Есеи за радикалниот емпиризам (Essays in Radical Empiricism, 1912)
- Писма на Вилијам Џејмс (Letters of William James, 2 vols. 1920)
- Избор од есеи и огледи (Collected Essays and Reviews, 1920)
- Ралф Бартон Пери, Мислата и карактерот на Вилијам Џејмс (The Thought and Character of William James, 2 vols. 1935)
Поврзано
Надворешни врски
- Интернет архива на делата на Вилијам Џејмс Архивирано на 5 ноември 2008 г. (англиски)
- Официјално мрежно место на Друштвото Вилијам Џејмс (во чест на големиот психолог и филозоф (англиски)
- Биографија на Вилијам Џејмс (англиски)
|