Вилхелмсбург (Хамбург)
Вилхелмсбург | |
Кварт во Хамбург | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Мите |
Основни податоци | |
Површина | 35 км2 |
Население | 49.132 (31 декември 2006) |
- Густина | 1.404 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Вилхелмсбург во рамките на Хамбург | |
![]() | |
Координати | 53°29′42″N 10°00′40″E / 53.49500°N 10.01111°E |
Вилхелмсбург (долногермански: Willemsborg) е кварт (Stadtteil) на Хамбург, Германија во рамките на округот (Bezirk) Хамбург-Мите. Се наоѓа на истоимениот остров помеѓу северните и јужните разграноци на реката Елба (Norderelbe и Süderelbe), заедно со другите квартови Штајнвердер, Федел и Клајнер Грасброк. Последните скоро сите се наоѓаат во делови на пристаништето во Хамбург. Четирите квартови технички се сите свои острови, бидејќи се раздвоени со посебни брани.
Историја
Во 1642, Џорџ Вилијам (војвода на Брауншвајг-Линебург) стекнал три острови во реката Елба и го поврзал со брани. Произлезениот остров бил именуван Вилхелмсбург во негова чест.
Во 1705, кнежевството Линебург преминало кон Електоратот Хановер и Вилхелмсбург станал дел од државата Хановер, која понатаму станала пруска Провинција Хановер во 1866. Во 1925, пруските власти го назначиле Вилхелмсбург како градски округ и го споиле со соседниот Харбург две години подоцна за да го создадат градот Харбург-Вилхелмсбург.
Во 1937, Харбург-Вилхелмсбург, заедно со градовите од пруската Провинција Шлезвиг-Холштајн, Алтона и Вандсбек, биле припоени кон Хамбург со Законот за голем Хамбург.[1]
Во текот на Втората светска војна пристаништето Хамбург и со тоа и Вилхелмбург биле цели на воздушните напади во т.н. Операција Гомора. Подкамп на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во Вилхелмсбург.[2]
Ноќта меѓу 16 и 17 февруари 1962, Вилхелмсбург бил потполно поплавен и сериозно оштетен од поплавите од Северното Море.
На 1 март 2008, Вилхелмсбург бил преместен од округот Харбург на округот Хамбург-Мите со законот за територијална организација на Хамбург.[3]
Географија
Во 2006, статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Вилхелмсбург имал вкупна површина од 35,3 км2. Вилхелмсбург се граници на север со квартовите Штајнвердер, Клајнер Грасброк и Федел. На исток се квартовите Шпаденланд и Оксенвердер во округот Бергедорф. На југ се квартовите Нојланд и Харбург на округот Харбург и покраината Долна Саксонија, а на исток се квартовите Морбург и Алтенвердер на округот Харбург.
Демографија
Во 2006, Вилхелмсбург имал 49.132 жители. Густината на населеност била 1.394 жители на км2. 22,6% од населението се деца под 18 години, а 14,6% имале 65 години или повеќе. 33,7% биле странци. 4.298 лица биле регистрирани како невработени.[4] Во 1999, имало 21.345 домаќинства од кои 26,8% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 39,9% од сите домаќинства биле сочинети од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,18.[5]
Население по години[4]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
44.047 | 44.477 | 45.636 | 46.686 | 46.876 | 47.523 | 47.729 | 47.670 | 47.772 | 47.604 | 47.256 | 46.280 | 46.110 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 |
46.125 | 47.180 | 47.857 | 47.847 | 48.322 | 48.957 | 49.132 |
Во 2006, имало 7.204 кривични дела (147 дела на 1.000 жители).[6]
Постоеле 8 основни и 6 средни училиште во квартот Вилхелмсбург и 52 лекари во приватни ординации и 11 аптеки.[7]
Економија
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cd/ADM_%28Oelm%C3%BChle%29_Hamburg_AG_04.jpg/220px-ADM_%28Oelm%C3%BChle%29_Hamburg_AG_04.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/00/Krankenhaus_Gro%C3%9F_Sand_075.jpg/220px-Krankenhaus_Gro%C3%9F_Sand_075.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/29/Koehlbrandbruecke.wmt.jpg/220px-Koehlbrandbruecke.wmt.jpg)
Делови на хамбуршкото пристаниште се наоѓаат во Вилхелмсбург.
Инфраструктура
Болницата Wilhelmsburger Krankenhaus Groß Sand има 257 кревети и дневен центар за геријатрија.[8]
Сообраќај
Вилхелмсбург е опслужуван од железничкиот систем на градските возови преку станицата Вилхелмсбург.
Островите Вилхелмсбург, Штајнвердер, Федел и Клајнер Грасброк се поврзани преку бројни мостови. Главните врски со останатите делови на Хамбург се Hamburger Elbbrücken (Хамбуршките Елпски мостови), кои се состојат од Norder- und Süderelbbrücken (Северен и Јужен елпски мост), кои го поврзуваат Вилхелмсбург со центарот на градот на север и со квартот Харбург на југ, Kattwyk-Bridge на југозапад и Келбрандскиот мост, кој е главна врска од Вилхелмсбург на блискиот автопатот 7 и New Elbe Tunnel на северозапад.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Вилхелмсбург биле регистрирани 13.714 приватни возила (280 возила на 1.000 жители).[7]
Култура
Од 2007, музичкиот и уметнички фестивал Dockville се одржува секоја година налето
Наводи
- ↑ Текстот на законот Архивирано на 17 јануари 2018 г. (германски)
- ↑ Кампот е запишан под број 556 Хамбург-Вилхелмсбург, Jung-Öl индустрија во службениот германски список Архивирано на 16 јули 2006 г. (германски)
- ↑ Закон за територијална организација
- ↑ 4,0 4,1 Служба за пријавување на грашани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ 7,0 7,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Список на болници, стр. 18
Надворешни врски
- Закон за територијална организација, 6 јули 2006 Gesetz über die räumliche Gliederung der Freien und Hansestadt Hamburg (RäumGiG) (германски)
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
- Список на болници Krankenhaus-Verzeichnis Hamburg 2006[мртва врска] Министерство за социјални работи, семејни работи, здравство и заштита на потрошувачи Behörde für Soziales, Familie, Gesundheit und Verbraucherschutz (германски)
|
|
|