Вконтакте — најголемата друштвена мрежа во Европа со седиште во Санкт Петербург. Мрежата е достапна на повеќе јазици, а е масивно популарна помеѓу говорниците на руски јазик. Вконтакте им дозволува на своите корисници да праќаат пораки јавно или приватно, да формираат групи, јавни страници и настани, да означуваат и споделуваат слики, аудио и видео и да играат игри засновани во интернет пребарувачот.
Во Јануари 2017, Вконтакте имала најмалку 410 милиони регистрирани акаунти. Од тогаш таа е рангирана на 13 место во анализата на Alexa Internet Inc. за топ 500 портали. Таа е вториот најпопуларен портал во Русија, веднаш зад Yandex N.C.. Според SimilarWeb, Вконтакте е 4-ти најпопуларен портал во светот. Во Октомври 2016, Вконтакте беше рангирана како втората најпопуларна друштвена мрежа во Израел, веднаш по Facebook.