Врховен суд на Република Македонија

Врховен суд на Република Македонија
Основан1945
НадлежностМакедонија
МестоположбаСкопје, Македонија
Мрежно местоwww.vsrm.mk
Претседател на Врховниот суд
МоменталноБеса Адеми
Од12 февруари 2021
Портпарол на Врховниот суд
СегашенМилчо Велјаноски
Од3 февруари 2023

Врховниот суд на Република Македонија е највисокиот суд во Република Македонија кој обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите. Одлуките на Врховниот суд според Уставот на Република Македонија се конечни и извршни.

Врховниот суд на Република Македонија е сместен на ул. Крсте Мисирков бб во Скопје.

Надлежност на Врховниот суд

Зградата во која е сместен Врховниот суд во Скопје

Врховниот суд, како највисок суд во државата, е надлежен:[1]

  • да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
  • да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;
  • да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
  • да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови;
  • да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција на човекови права и
  • да врши други работи определени со закон.

Сегашен Состав на Врховниот суд

Составот на врховниот суд според 2024 година:

# Име Слика Мандат Преземање функција
1 Беса Адеми Претседател 2021
2 Владимир Стојаноски Член 2010
3 Јелица Крстевска Член 2011
4 Џемали Саити Член 2012
5 Шпенд Деваја Член 2013
6 Африм Фидани Член 2017
7 Цветанка Периќ Член 2019
8 Мирјана Лазарова Трaјковска Член 2020
9 Сафет Кадрии Член 2020
10 Анита Бошковска Член 2023
11 Катерина Георгиевска Член 2023

Наводи