Гамов каталог (англиски: Gum catalog) — астрономски каталог на 84 оддавни маглини на јужното небо. Составен е од австралискиот астроном Колин Стенли Гам (1924-1960) во опсерваторијата Маунт Стромло кај Канбера користејќи широкоаголна фотографија. Гам ја објавил својата работа во 1955 г. во трудот наречен „Студија на расеаните јужни H-алфа маглини“ (A study of diffuse southern H-alpha nebulae) во која се претставува каталогот од 84 маглини и маглински склопови. Слични каталози се Шарплесовиот и RCW, и многу Гамови објекти се присутни и во нив. Меѓутоа, RCW и Гамовиот претежно ја покриваат јужната полутопка (каде е сместена „Маунт Стромло“).
Гамовата Маглина е наречена по Гам, кој ја открил како Гам 12; претставува оддавна маглина во соѕвездијата Едро и Крма.