Гаус (единица)

гаус
Мерен системГаусови и електромагнетни СГС-единици
Единица загустина на магнетен тек (магнетна индукција, магнетно поле или B-поле)
ОзнакаG или Gs 
Именувана поКарл Фридрих Гаус
Претворање на единици
1 гаус во ...... е еднакво на ...
   изведени СИ-единици   10-4 тесли
   електромагнетни СГС-единици   1/ccgs esu[б 1]

Гаус (симб. G или Gs; кирилично: Г) — мерна единица со која се изразува магнетната индукција, наречена и густина на магнетниот тек. Единицата е дел од Гаусовиот мерен систем, кој ја наследил од постариот систем СГС-ЕМЕ (сантиметар-грам-секунда за електромагнетизам). Наречена е во 1936 г. во чест на германскиот математичар и физичар Карл Фридрих Гаус. Еден гаус е еднаков на еден максвел на квадратен сантиметар.

Со замената на СГС со Меѓународниот систем на мерни единици (СИ-систем), гаусот е исфрлен од употреба од страна на стандардизациските органи, но сè уште редовно се користи во разни научни гранки. СИ-единицата за густината на магнетниот тек е теслата (симб. T),[1] што одговара на 10.000гауси.

Име, сибол и метрички претставки

Иако не е составен дел од СИ-системот, примената на гаусот ги следи правилата на тие единици. Како и другите единици наречени по личност, има кратенка со голема буква (G), но се пишува „гаус“ со мала, освен на почетокот на реченицата.[2]:147–148 Гаусот често се здружува со метрички претставки,[3]:128 како на пр. милигаус (mG или mGs).

Претворање на единици

Гаисот е единицата за густина на магнетниот тек B во системот на Гаусови единици и е еднаква на Mxcm2 or g/Bi/s2, додека пак ерстедот е единица за H-поле. Една тесла (T) соодветствува на 104 гауси, а еден ампер (A) на метар одговара на 4π × 10−3 ерстеди.

Единиците за магнетен тек Φ, кој е интегралот на магнетното B-поле врз дадена плоштина, се веберот (Wb) во СИ-системот и максвелот (Mx) in Гаусовиот СГС-систем. Факторот на претворање е 108, бидејќи текот е интегралот на полето врз дадена површина, а површината е квадрат од растојанието, па така 104 (факторот) помножен со 102 на квадрат (фактор на претворање на линеарно растојание, т.е., санитиметри по метар). 108 = 104 × (102)2.

Типични вредности

  • 10−9–10−8 G — магнетното поле на човечкиот мозок
  • 10−6–10−3 G — магнетното поле на галактички молекуларни облаци. Типичните јачини на магнетното поле во меѓуѕвездената стредина на Млечниот Пат изенсуваат ∼5 μGs.
  • 0,25–0,60 G — Земјиното магнетно поле на површината
  • 25 G — Земјиното магнетно поле во јадрото[4]
  • 50 G — типичен магнет за ладилник
  • 100 Gжелезен магнет
  • 1500 G — магнетното поле во една сончева дамка[5]
  • 10000 - 13000 G — остаточна магнетизација на неодиумско-железно-бориумски магнет[6]
  • 16000 - 22000 G — заситеност на високопробојните железни легури во трансформаторите[7]
  • 3000–70000 G — медицински апарат за магнетна резонанција
  • 1012–1013 G — површината на неутронска ѕвезда[8]
  • 4 × 1013 G — квантниот електродинамички праг
  • 1014 G — магнетното поле на магнетарот SGR J1745-2900 кој кружи околу супермасивната црна дупка Sgr A* во средиштето на Млечниот Пат.
  • 1015 G — магнетното поле на некои новосоздадени магнетари[9]
  • 1017 G — горната граница на магнетизмот на една неутронска ѕвезда[9]

Поврзано

Белешки

  1. ccgs = {Пб/Грешка во изразот: Неочекуван оператор < |1=Грешка во изразот: Неочекуван оператор < }29,979,245,800 е бездимензионалната величина на брзината на светлината изразена во СГС-единици.

Наводи

  1. NIST Special Publication 1038, Section 4.3.1
  2. International Bureau of Weights and Measures (20 мај 2019), SI Brochure: The International System of Units (SI) (PDF) (9. изд.), ISBN 978-92-822-2272-0
  3. Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), ISBN 92-822-2213-6 (англиски)
  4. Buffett, Bruce A. (2010), "Tidal dissipation and the strength of the Earth’s internal magnetic field", Nature, том 468, стр. 952–954, doi:10.1038/nature09643
  5. Hoadley, Rick. „How strong are magnets?“. www.coolmagnetman.com. Посетено на 26 јануари 2017.
  6. Pyrhönen, Juha; Jokinen, Tapani; Hrabovcová, Valéria (2009). Design of Rotating Electrical Machines. John Wiley and Sons. стр. 232. ISBN 0-470-69516-1.
  7. Laughton, Michael A.; Warne, Douglas F., уред. (2003). „8“. Electrical Engineer's Reference Book (Sixteenth. изд.). Newnes. ISBN 0-7506-4637-3.
  8. „How strong are magnets?“. Experiments with magnets and our surroundings. Magcraft. Посетено на 14 декември 2007.
  9. 9,0 9,1 Duncan, Robert C. (март 2003). „Magnetars, Soft Gamma Repeaters and Very Strong Magnetic Fields“. University of Texas at Austin. Архивирано од изворникот на 11 јуни 2007. Посетено на 23 мај 2007.