Германик

Германик, мермерна биста која настанала веројатно во 4 година на нашата ера.

Германик Јулиј Цезар (латински: Germanicus Iulius Caesar, роден на 24 мај 15 п.н.е., починал 9 октомври 19 нова ера), попознат само како Германик или Германик Постариот, бил римски државник и војсководец и припадник на првата римска царска фамилија Јулиевци-Клавдиевци.

Германик се родил во 15 п.н.е., како најстаро дете во бракот на Друз Постариот, роден син на царицата Ливија, и Антонија Помладата роднина на царот Август. Германик го добил името Нерон Клавдиј Друз или Тибериј Клавдиј Нерон, но кога Друз Постариот 9 п.н.е. добил право на почесен прекар Германик (латински: Germanicus), заблагодарувајќи на победата над Германите, после неговата смрт прекарот преминал на неговиот најстар син кој под него останал запамтен во историјата.