Горачино
Горачино | |
![]() | |
Координати 41°38′27″N 22°16′41″E / 41.64083°N 22.27806°E | |
Општина | Штип |
Население | 8 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30008 |
Надм. вис. | 450 м |
![]() |
Горачино — село во Општина Штип. во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западното подножје на планината Плачковица.
Историја
Мештаните наведуваат дека последниот Турчин се иселил во 1912 година.
За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) селото страда силно.[2] Во ова населено место селаните и тоа: старците, жените и децата, меѓу април 1914 и октомври 1915 г., биле тепани во три или четири наврати. Во пролетта 1915 г. бил одвлечен од српските четници и војници Данаил Стојанов, кој исчезнал беследно. Постои сведоштво дека жив бил закопан (но овој податок не може да се смета за утврдено веродостоен).[2]
Стопанство
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[3]
Според пописот од 2002 година во селото живееле 16 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 7 Македонци и 1 лице без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 70 | 82 | 77 | 68 | 52 | 29 | 27 | 16 | 8 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2310 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Танатарци.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Горачино — депо на монети од римското време;
- Ограѓе — населба од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола;
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Најголем дел од населението има мигрирано во Штип, а помалку во Радовиш и Неготино.
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Галев, М-р Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија 1912–1941 година; Книга прва. Штип: Друштво на наука и уметност. стр. 677.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 430, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
|