Грбот на Свети Евстахиј содржи го содржи штитот и националното мото. Грбот бил усвоен на 9 ноември 2004 од советот на островот Свети Евстахиј кога уште бил дел од Холандските Антили, и останал полноважен како грб на јавно тело Свети Евстахиј по раскинувањето.[1]
Штитот е составен од три делови, претставувајќи го минатото, сегашноста и иднината на Златниот Камен (назив на историски Свети Евстахиј), Форт Орање (холандски: Fort Oranje), и рибата-ангел. Мотото на Свети Евстахиј е напишано подолу и гласи: superba et confidens (македонски: Горди и Самоуверни).[2]