Гронау (Лајне)
Гронау | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Општ. заед. | Лајнско Средногорје |
Основни податоци | |
Површина | 88,13 км2 |
Надм. височина | 79 м |
Население | 10.832 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 123 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI |
Пошт. бр. | 31028 |
Портал | www.gronau-leine.de |
Местоположба на градот Гронау во рамките на округот Хилдесхајм | |
![]() | |
Координати | 52°04′0″N 9°47′0″E / 52.06667°N 9.78333°E |
Гронау (германски: Gronau; службено наречен Гронау (Лајне)) — град во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 15 километри југозападно од Хилдесхајм и 35 километри јужно од Хановер.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Лајнско Средногорје.
Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Бантелн, Бетелн, Бриген, Дешпетал и Реден се дел од градот Гронау.
Географија
Гронау се наоѓа југозападно од Хилдесхајм помеѓу Лајнското Средногорје на запад и Инерстенското Средногорје на исток. Се наоѓа западно од Хилдесхајмската Шума и североисточно од Зибен Берге. Низ градот тече реката Лајне.
Западно од Гронау поминува сојузниот автопат Б3.
Градски единици
Кон градот Гронау припаѓаат самиот град со местата Бантелн, Барфелд, Бетелн, Бриген, Едингхаузен, Ајцум, Хаус Ешерде, Хајнум, Нинштет, Реден и Валенштет.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Гронау е збратимен со следниве градови:
Мезидон-Канон, Франција
Хонитон, Велика Британија
Вермсдорф, Германија
Довре, Норвешка
Личности
- Јирген Млинек (р. 1951) — физичар
Наводи
Надворешни врски
Гронау на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|